ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 04.10.2021

Паднаа и акциите на Фејсбук

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку часа не функционираат трите најголеми светски социјални мрежи. Станува збор за социјалните платформи Фејсбук, Инстаграм и апликацијата Ватсап. Компанијата Фејсбук која е сопственик на трите платформи во која влегува и апликацијата Месинџер, на социјалната мрежа Твитер призна дека нејзините корисници имаат проблем со пристап до услугите, но не објаснија за причините во прекинот на достапноста. Светските новински агенции во своите анализи за причините за најдолгиот прекин во достапноста на... Читать дальше...

Турција во борба против високата инфлација со отворање илјада нови пазари

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека со отворање на нови илјада пазир ќе се обиде да ја спречи високата инфлација. Со отворањето на новите пазари тој посочи дека ќе им се обезби на граѓаните снабдување со производи за широка потрошувачка по разумни цени. Владата им нареди на земјоделските задруги да отворат околу ичјада нови продажни места, чија изградба треба да започне наскоро, со цел да се снабдат граѓаните со „евтина и квалитетна стока“ и „да се балансира пазарот“. Владата... Читать дальше...

Фејсбук, Инстаграм и Ватсап -недостапни

SlobodnaEvropa.mk 

Mилиони корисници на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап во моментов имаат проблеми со достапност на овие социјални мрежи. Трите платформи кои се во сопственост на Фејсбук целосно престанаа да работат денеска после 17 часот. Корисниците добиваат пораки за грешки на сите три услуги преку андроид апликации „Извинете, нешто тргна наопаку“, „Грешка во серверот“ и слично. Додека претходно во текот на денот во само некои географски региони имаше прекини на достапноста на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп... Читать дальше...

Нови 185 случаи на ковид-19 и починати 12 пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се евидентирани нови 185 случаи на ковид-19 од 1 876 тестирања. Во последните 24 часа починати се 12 и дополнително тројца во периодот 29 септември – 3 октомври 2021, информира министерството за здравство. Од новодијагностицираните позитивни на коронавирус, 99 се од Скопје, Велес и Кочани имаат по 14 а Кавадарци – 12. Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од кои пет се од Скопје. Најмладиот починат пациент имал 53 години, додека најстариот бил на 90 годишна возраст. Читать дальше...

Туркменистански гувернер почина од ковид-19,а властите негираат присуството на вирусот во земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Семејството на туркменскиот гувернер Тојли Атајанов на регионот Сакарче во југоисточната туркменистанска провинција соопшти дека починал од коронавирус. Во меѓувреме туркменистанските власти продолжуваат да го негираат присуството на коронавирусот во земјата. Според изјавата на членови на семејството за туркменистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, 40 годишниот гувернер починал денеска од компликации предизвикани од ковид -19 и тој утре ќе биде погребан.  Роднините посочија дека Атајанов бил... Читать дальше...

Стопанска комора- Од Владата зависи колку ќе поскапи храната

SlobodnaEvropa.mk 

Драстично поскапување на храната, во некои сектори и од 40 до 50 отсто, ако Владата не помогне во спречување на ценовниот шок, предупреди денеска на прес конференција Стопанската комора. Со оглед на светските трендови поскапувања секако ќе има, но колкави ќе бидат, најмногу зависи од државата и од тоа, какви одлуки ќе се донесат, велат оттаму. Цените само на сувомесните производи се очекува да се зголемат за 20 – 40 проценти, но зголемување на цената ќе има и кај лебот. Во излагањето на претставниците... Читать дальше...

Молотов коктел фрлен во тетовска продавница

SlobodnaEvropa.mk 

Тетовската полиција соопшти дека синоќа настанл пожар во тетовска продавница откако кон неа било фрлено шише со запалива течност. Според полицискиот билтен при нападот се оштетени долниот дел од излогот и стаклото, но повредени нема. Сопружници пронајдени мртви со повреди на телото во Табановце Огнот е целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица. „Околу 2 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на излог од продавница на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово... Читать дальше...

Царовска: Извидничкиот камп нити е поврзан со МОН ниту со Бирото за развој на образованието

SlobodnaEvropa.mk 

Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со Министерството за образование, ниту со Бирото за развој на образованието, ниту следел програми кои што се пилот-фаза од Бирото за развој на образование, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска. Ова следува откако во јавноста се појавија информации за скандалот со извидничкиот камп кој изби минатата недела кога повеќе родители се пожалија за непримерно однесување на организаторот на кампот во Градовци. На новинарското прашање како овој... Читать дальше...



МНР - Протерување наш дипломат од Русија е без мериторна основа

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката на Русија да протера македонски дипломат од амбасадата во Москва, кој неодамна беше делегиран во Руската Федерација, преставува возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ, реагира македонското МНР. Претходно, вршителката на должноста во македонската амбасада во Москва, Оливера Чаушевска Димовска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде ѝ беше врачена Нота за прогласување персона нон грата на вториот секретар во амбасадата во Москва поради... Читать дальше...

Уапсен Грк кој паркираше пред грчкиот Парламент и се закануваше дека ќе се разнесе

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе се разнесам, извикувал, според грчките медиуми, возачот на земјоделското возило што утрово предизвика проблеми во сообраќајот во центарот на Атина и мобилизација на полицијата откако се паркираше пред споменикот на Незнајниот јунак на платото пред грчкиот Парламент, во делот наменет само за пешаци. Грција воведува полициски час во неколку региони Грчката полиција интервенираше, го уапси возачот, го запре сообраќајот, го евакуираше просторот, а во возилото пронајде канистер со бензин и плинска боца. Читать дальше...

Од 1 декември само биоразградливи кеси кои ќе чинат 15 денари

SlobodnaEvropa.mk 

Од 1 декември ќе стапи во сила забрана за пластични кеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина. Нови регулативи за отпад - невладините реагираат Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата на која беше претставен Националниот план за управување со отпад 2021 – 2031. Од 1 декември... Читать дальше...

Трета доза вакцина против ковид-19 може да прими кој сака

SlobodnaEvropa.mk 

Трета доза вакцина против ковид-19 освен граѓани над 60 години ќе може да добијат и кои било други граѓани без оглед на возраста, без оглед на тоа дали имаат или немаат хронични болести, а се во значаен ризик заради фреквентните контакти, типот на работа, работното место, да заболат од ковид-19. Ова е препораката од Комитетот за имунизација која денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека тоа се препораки што практично ги следат препораките од некои други европски земји и САД. Читать дальше...

Од „камшик“ за администрацијата до скратен петок

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ ветуваше дека целата држава ќе се впрегне во служба на граѓаните и дека институциите ќе работат во две смени. ДУИ, пак, вети работно време во петок до 13 часот, за да имале време за семејството. Сега се предлага работната недела за административните работници да трае 36 часа.

Бабиш ги оцени „Пандорините документи“ како заговор против него

SlobodnaEvropa.mk 

Чешкиот премиер Андреј Бабиш го означи новиот истражувачки проект на 600 новинари од целиот свет, Пандорините документи, како заговор смислен за тој да не победи на парламентарните избори на 8 и 9 октомври. Тој отфрли дека направил нешто незаконско во купувањето луксузни недвижности во Франција преку наменски основани компании во ткн. „даночни раеви“. „Чекав што ќе извадат непосредно пред изборите за да ми нанесат штета и да влијаат на чешките избори. Овој пат случајот е стар 12 години. Во него... Читать дальше...

Нобелова награда за медицина за двајца Американци

SlobodnaEvropa.mk 

Нобеловата награда за медицина или физиологија годинава им е доделена на двајца американски научници, Дејвид Џулиус и Ардем Патапутиан „за нивните откритија на рецепторите за температура и допир“. Започнува објавувањето на добитниците на Нобеловата награда Шведскиот институт Каролинска, објавувајќи ги добитниците, соопшти дека „револуционерните откритија“ на Џулиус и Патапутиан „ни овозможија да разбереме како топлината, студот и механичките сили може да ги иницираат нервните импулси што ни... Читать дальше...

Повторно само ветувања - вие коментирате!

SlobodnaEvropa.mk 

Изјавите на премиерот Заев, претседателот Пендаровски за односите со соседите и европската интеграција, како и неделното интервју со членот на Советот за безбедност Ненад Марковиќ во фокусот на вашите коментари на социјалните мрежи.

Заев – Граѓаните на митинзите самоиницијативно не држат дистанца

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање колку се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 на партиските митинзи, упати одговори да се бараат кај надлежните институции. Проблемот, како што рече, е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца. Обвинувања за „Списоци со гласачи“ и притисоци во изборна кампања „Се гледа распоредот на столчињата како се наместени согласно протоколите, веројатно проблемот е што дополнително луѓето кои доаѓаат од... Читать дальше...

Русија протера македонски дипломат

SlobodnaEvropa.mk 

В.Д. амбасадорката во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството, со која вработен во македонската амбасадата во Москва се прогласува за „персона нон грата“. „Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, соопшти руското МНР. ... Читать дальше...

Постепено се отвораат Универзитетите во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Под здравствени протоколи, со задолжителен документ за ковид-19, како за студентите, така и за професорите, со физичко присуство, по речиси 19 месеци, од денеска постепено се отвораат универзитетите во Грција. Иако за денеска беше закажан официјалниот почеток на академската година, сепак, дел од Универзитетите, од кои два во Солун, два во Атина и еден на Лезбос, како и неколку Факултети соопштија дека почетокот го одложуваат за една седмица за подобро да се подготват за спроведување на здравствените протоколи. Читать дальше...

Новости России
Москва

Тема дня: Росавтодор: в 2024 году до четырех полос расширят 376 км федеральных трасс в рамках капремонта


Пандора документи: тајното богатство на светските лидери

SlobodnaEvropa.mk 

Тајните на богатството на светските лидери, политичари и милијардери се откриени во едно од најголемите протекувања на финансиски податоци. „Пандора документите“ откриваат имиња на околу 35 сегашни и поранешни лидери, како и околу 300 судии, министри и генерали кои имаат офшор компании.

Фумио Кашида е нов премиер на Јапонија

SlobodnaEvropa.mk 

Јапонскиот парламент го изгласа 64-годишниот Фумио Кашида за нов премиер на земјата. Тој минатата недела го замени Јошихиде Суга како лидер на владејачката Либерално-демократската партија, која заедно со коалициските партнери има мнозинство во двата дома во јапонскиот парламент. Суга претходно утринава поднесе оставка по само една година на функцијата, откако рејтингот на неговата влада падна поради начинот на справување со пандемијата на коронавирус. Јапонија планира да ги укине антиковид мерките Кашида... Читать дальше...

Најмалку петмина загинати во циклонот Шахин во Оман

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати во циклонот Шахин кој се движи по копнениот дел на Оман денеска се искачи на пет, а неколку ирански рибари се водат за исчезнати. Властите во Оман соопштија дека пронашле тело на човек кој исчезна кога поплавите го однеле од автомобилот. Кога вчера бурата стигна до копното, едно дете се удавило, а двајца странци настрадале во свлечиште. Поплави и тропски циклон во Индонезија, над 120 мртви Спасувачите во Иран пронашле тело на еден од петтемина рибари кои исчезнаа во близина на иранската граница со Пакинстан. Читать дальше...

СЗО со нови насоки за аерозагадувањето, Македонија се мачи со старите

SlobodnaEvropa.mk 

Силни докази за штетноста врз здравјето од загаден воздух објави СЗО, при што препорача земјите да ги намалат дозволените нивоа на аерозагадување. Македонија и натаму не успева да го одржи загадувањето на нивото според нејзиното домашно законодавство

Шефот за трговија на САД ќе ја претстави трговската стратегија на Бајден за Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Трговската претставничка на САД Кетрин Таи ќе ја откри долгоочекуваната стратегија на администрацијата на претседателот Џо Бајден за проблематичните трговски односи меѓу САД и Кина, соопшти нејзината канцеларија. Таи ќе даде забелешки за нејзиниот преглед на кинеската трговска политика во Центарот за стратешки студии во Вашингтон и ќе учествува на сесија со прашања и одговори. Откако ја презеде функцијата во март, Таи спроведува целосен преглед на кинеската трговска политика на Вашингтон. Телефонски разговор меѓу лидерите на САД и Кина... Читать дальше...

Вицепремиерот Димитров во Белград на економски форум за Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“. Вицепремиерот Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат врз актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Сафиуллин не смог выйти во второй круг турнира ATP в Барселоне






Эксперт: Германия и Польша могут спровоцировать конфликт против Калининграда

В Дмитрове снесли шиномонтаж и овощной киоск, несоответствующие требованиям

Психолог Шляпников посоветовал людям с повышенной агрессией заняться дыхательными практиками

МТС открыла свои магазины в Псковской области для клиентов с питомцами