ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 05.10.2021

Солзавец и водени топови против демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечката полиција денеска употреби солзавец и водени топови против демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана, во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ. Стотици демонстранти денеска излегоа на протестот заради острите владини мерки против коронавирусот, а ова е трет ваков инцидент во главниот град на Словенија во последниов месец. Протести против ковид-мерките во Словенија, повредени полицајци Словенечката полиција постави контролни пунктови и го ограничи сообраќајот и движењето недалеку од Љубљана... Читать дальше...

Романскиот претседател ги повика партиите на консултации за нова влада

SlobodnaEvropa.mk 

Романскиот претседател Клаус Јоханис ги повика политичките партии на консултации за формирање нова влада следната недела, откако Парламентот денеска ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на премиерот Флорин Кицу. „Романија мора да има влада, се наоѓаме во пандемија, криза во цената на енергенсите… и сега политичка криза. Ни треба зрел став повеќе од кога било. За да им дадам повеќе време на партиите да најдат решение, ќе свикам консултации дури следната недела“, истакна Јоханис пред новинарите. Читать дальше...

Медиумски фестивал Скопје со фокус на жените во медиумите

SlobodnaEvropa.mk 

Со „Жените во медиумите“ како главна фестивалска тема, бројни говорници од земјава и странство, работилници и интересна филмска програма, од 5 до 8 октомври, ќе се одржи петтото издание на Медиумскиот фестивал Скопје чиј потписник е ПИНА - Платформата за истражувачко новинарство и анализи.

Борисов во Љубљана се сретна со премиерите на Словенија, Хрватска, Грција и Австрија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов денеска во Љубљана се сретна со премиерите на земјите од ЕУ во Југоисточна Европа, Словенија, Хрватска, Грција, како и Австрија, Јанес Јанша, Андреј Пленковиќ, Киријакос Мицотакис и Себастијан Курц. Веста ја објави самиот Борисов на својот профил на Фејсбук. Јотова - Нема основа за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на разговорите учесниците се обединиле околу заклучокот... Читать дальше...

Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата

SlobodnaEvropa.mk 

Романскиот парламент денеска ѝ изгласа недоверба на либералната влада на премиерот Флорин Кицу, со што се отвора период на политичка нестабилност во земјата во ек на четвртиот бран на ковид-19. За недоверба на владата гласаа 281 пратениците, значително повеќе од потребните 234. Седум загинати во пожарот во ковид одделение во Романија Кицу, кој е поранешен банкар, ја води владата од изборите во декември, а во последните месеци беше на мета на критики и на левицата и на десницата. За соборување... Читать дальше...

Пленковиќ - Негирањето на хрватскиот јазик во српски учебник е срамно и недозволиво

SlobodnaEvropa.mk 

Негирањето на хрватскиот јазик во учебник на Република Србија е срамно и недозволиво, порача денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека тоа ќе му го пренесе и на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денеска и утре ќе биде во Словенија на самитот ЕУ-Западен Балкан. Хрватската безбедносна служба предупредува на ризици од руското влијание и „Српски свет“ „Амбасадата, Министерството за надворешни работи и сите релевантни служби имаат јасна задача да протестираат против српските институции. Читать дальше...

Пристигнаа уште 97 граѓани од Авганистан, кои привремено ќе бидат сместени во земјава

SlobodnaEvropa.mk 

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигнаа 97 граѓани од Авганистан кои се активисти на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Тие ќе бидат привремено сместени во Македонија, додека не биде обезбеден трансфер до нивната крајна дестинација. Првата група Авганистанци пристигна во Скопје, трудница итно однесена во болница По слетувањето, на граѓаните од Авганистан им беше спроведена стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита... Читать дальше...

Нови 399 случаи на коронавирус, 21 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 399 нови случаи на ковид-19 од направени 3.337 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Починале 21 луѓе, од кои 17 во изминатото деноноќие, а четворица од 24 до 30 септември. Краток спој на продолжниот кабел и одговорноста за пожарот во тетовската болница Во Скопје има 197 нови случаи, Куманово 49, Тетово 15, Кочани 14, Битола 13, Кавадарци 11, Велес и Крива Паланка по 10, Струмица 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово по 5... Читать дальше...



Јотова - Нема основа за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова смета дека во моментов нема причина за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија, и покрај сериозниот притисок врз кој Бугарија ќе биде подложена од нејзините европски партнери на самитот ЕУ - Западен Балкан што ќе се одржи утре во Брдо кај Крањ, во Словенија. Марковиќ – Меѓународен притисок и дипломатска бравура за договор со Бугарија Според Јотова, Бугарија уште еднаш ќе ја повтори својата теза дека за неа најважно е да... Читать дальше...

Британскиот специјален пратеник се сретна со лидерите на талибанците во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот специјален пратеник Сајмон Гас се сретна со лидерите на талибанците во Авганистан да разговара за хуманитарната криза и начините да се спречи земјата да стане расадник на милитанти. Гас, кој е британски пратеник за транзицијата во Авганистан, се сретна со талибанскиот заменик премиер Мула Абдул Гани Барадар, како и со други претставници на талибанците, соопшти денеска Форин офисот. Борел: Авганистан на раб на социјално економски колапс Тие разговарале за начините на кои Велика Британија... Читать дальше...

Краток спој на продолжниот кабел и одговорноста за пожарот во тетовската болница

SlobodnaEvropa.mk 

Тетовското обвинителството денеска соопшти дека причината за пожарот во модуларната болница во Тетово е прегреан кабел, а пожарот брзо се проширил поради зголеменото присуство на кислород, но и фактот дека не постоеле прегради во објектот за да се успори огнената стихија. Кој се ќе сноси одговорност?

Кизов: Има комплекс на пропусти и одговорности за пожарот во Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Истрагата на тетовското обвинителство досега покажува дека пожарот во модуларната болница во Тетово не е предмет само на човечка грешка, вели поранешниот обвинител Константин Кизов. Според него, набавката, изведувачот, приемот и ракувањето со болницата се комплекс на пропусти и одговорности, а обвинителите ќе треба да ја утврдат поединечно одговорноста.

Бајден до Фон дер Лајен: силна поддршка за пристапниот процес на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден синоќа разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, соопшти Белата куќа. Една од темите за разговор било и проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. „Двајцата лидери исто така дискутираа за Западен Балкан и претседателот Бајден ja пренесе неговата силна поддршка за продолжување на пристапниот процес за земјите од тој регион“, рекол Бајден, а пренесува Белата куќа. Бајден и Фон дер Лајен разговарале и за поддршката за Европската унија... Читать дальше...

Пендаровски се сретна со Мицотакис

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски кој престојува во официјална посета на Грција денескаво Атина се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Како што информираа од претседателскиот кабинет Пендаровски оценил дека постои видно подобрување на билатералните односи меѓу двете држави по потпишувањето на Преспанскиот договор, со потенцијал за натамошно зајакнување на соработката во секое поле од взаемен интерес. „Претседателот Пендаровски изрази уверување дека економската соработка треба да биде темелот на односите меѓу двете држави... Читать дальше...

Николоски: смешно е да се тврди дека 14 луѓе загубија животи заради некаков кабел

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска од Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со извештајот за модуларната во Тетово рече дека очигледно било дека СДСМ и ДУИ преку обвинителството во Тетово си нарачале извештај каков што им одговара со цел да скријат одговорност. Николоски истакна дека во најмала рака, било „смешно е да се тврди дека 14 човечки животи се загубија заради некаков кабел“. „Во исто време дури и да е така како што тврди тетовското обвинителство... Читать дальше...

Османи: потребно е да се врати кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Брдо, Словенија, денеска во Варшава се сретна со финскиот колега Пека Хависто. Како што соопшти Министерството за надворешни работи акцентот на средбата бил ставен на eвропската перспектива на Северна Македонија, за што Финска изразила целосна поддршка. „Повеќе од потребно ни е да ја вратиме довербата и кредибилитет во процесот на проширување, како најважниот придонес кон стабилноста... Читать дальше...

Тројца научници ја добија Нобеловата награда за физика

SlobodnaEvropa.mk 

Нобеловата награда за физика годинава ја делат тројца научници- Шукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Париси, за нивниот „иновативен придонес за разбирање на комплексните физички системи“. "Сложените системи се карактеризираат со случајности и нарушувања кои се тешки за разбирање“, соопшти Шведската академија за науки денеска. Во соопштението академијата наведува дека годинашната награда ги „препознава новите методи за нивно опишување и предвидување на нивното долгорочно однесување“. Манабе... Читать дальше...

Пендаровски-Сакеларопулу: има уште за исполнување од Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација, можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите на кои се осврнаа претседателите на Северна Македонија и на Грција Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу во Претседателската палата во Атина.

Заев го обвини Милошоски дека ја злоупотребува постапката за избор на амбасадори

SlobodnaEvropa.mk 

Злоупотребата на постапката за изборот и акредитирањето на амбасадорите од страна на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Парламентот навистина претставува крупен проблем за државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата. Заев, посочи дека има одлуки за сите испразнети амбасадорски места, но дека проблемот е во Парламентот и дека до крајот на годината ќе изнајдеме решение за сите. „Последното случување е со нашиот избран... Читать дальше...

Новости России
Москва

В Гостином дворе прошел форум «Мы вместе. Спорт»


Што напиша ЕУ во Декларацијата „Брдо“

SlobodnaEvropa.mk 

Декларацијата што ќе биде ставена на маса на Самитот во Брдо, а во која РСЕ имаше увид, покрај поддршката за итеграции, содржи и акценти на ригорозни услови, исполнување на договорите за решавање на билатерални проблеми, како и поддршка за борба со пандемијата, криминалот, корупцијата, тероризмот...

Заев: до утре ќе одлучам за оставките на Филипче и Хасани

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев најави дека во текот на денот или најдоцна утре ќе даде коментар за објавениот извештај од вештачењето за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово. „Навистина првпат слушам дека извештајот е објавен, веројатно веќе сме биле на прес-конфернција кога тоа е објавено. Дозволете да го прочитам извештајот, да го видам со се што е објавено, за да можам да ги дадам своите реакции и веднаш во текот на денот или најдоцна утре ќе дадам свој коментар за ова“, изјави Заев, одговарајќи... Читать дальше...

Амнести: талибанците егзекутирале 13 Хазари

SlobodnaEvropa.mk 

Амнести интернешнл денеска соопшти дека талибанските сили убиле 13 етнички Хазари меѓу кои и 17 годишна девојка. Убиствата се случиле две недели откако исламистичката група ја урна авганистанската влада која беше поддржана од западните земји. Убиството на двајца цивили и 11 членови на авганистанските национални безбедносни сили се случило во селото Кахор во централната провинција Дајкунди на 30 август при нивниот обид да избегаат пред доаѓањето на талибанските борци, соопшти денеска меѓународната организација со седиште во Лондон. Читать дальше...

Заштитата од вакцината на Фајзер/Бионтек се намалува со текот на времето

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцината на Фајзер/Бионтек е многу ефикасна во спречување на хоспитализација од ковид-19 до шест месеци по втората доза, се наведува во најновата студија објавена во медицинскиот весник Лансет.

Обвинителство: прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во тетовската ковид болница

SlobodnaEvropa.mk 

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за... Читать дальше...

Многу економија, помалку екологија во изборните програми

SlobodnaEvropa.mk 

Кандидатите за градоначалници свесно ветуваат повеќе економски проекти, отколку еколошки, зошто граѓаните се позаинтересирани за економија отколку за животната средина, коментираат политиколозите. Додаваат дека некои ветувања се нереални, но тие ќе се нудат се додека граѓаните не ги казнат на избори


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Финалисты «Мастерса» в Монте‑Карло опередили Рублева в рейтинге ATP






«Мотомосква» ведет собственные поиски виновного в убийстве в Люблине

Новый трек Батишты и NAT станет гимном расставания

ТАСС: подозреваемый в убийстве в Москве объявлен в федеральный розыск

Собянин рассказал о зеленых облигациях