Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 06.10.2021

Која беше поентата на самитот ЕУ - Западен Балкан?

SlobodnaEvropa.mk 

Дали надежите за интеграција на шестте земји од Западен Балкан во ЕУ се залудни? Има ли простор да се биде задоволен од напишаното во декларацијата на самитот во Брдо? Свој осврт на заклучоците од Самитот дава новинарот на Радио Слободна Европа Рикард Јозвијак.

Нови 406 случаи на ковид 19, починале 12 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на Ковид-19 и тоа: Во Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица ... Читать дальше...

Утре преговори на СДП, Зелените и либералите за формирање нова влада

SlobodnaEvropa.mk 

Социјалдемократите, Зелените и либералите во Германија утре започнуваат прелиминарни преговори во обид да формираат невидена и конзервативна коалиција на канцеларката Ангела Меркел во заминување, дури и ако нивниот лидер се уште не го признае поразот. Десет дена по парламентарните избори на кои Социјалдемократската партија (СПД) освои најмногу гласови, преговорите зад затворени врати се забрзуваат во Германија. Екологистите или Зелените, кои го освоија третото место на изборите, рекоа дека се... Читать дальше...

Мицкоски: Не прифаќаме промена на Уставот ако нема реципроцитет и од бугарска страна

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека Бугарија не може да бара од земјава да вклучи незначително бугарско малцинство во Уставот, а од друга страна да не дозволат значително македонско малцинство да биде вклучено во бугарскиот Устав. „За промена на Уставот во Македонија се потребни две третини и ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати каква било промена на Уставот и овој амандман доколку немаме реципроцитет и од бугарската страна, односно вклучување на македонското малцинство во... Читать дальше...

Јанша: Пред проширувањето да се решат односите меѓу Македонија и Бугарија и Србија и Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави денеска дека самитот ЕУ-Западен Балкан е многу важен настан на кој се кристализира ситуацијата во регионот, но исто така посочи дека пред проширувањето некои отворени прашања како што се односите меѓу Белград и Приштина, како и Северна Македонија и Бугарија, мора да се решат. Тој на прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека ова е настан кој може да се спореди со Солунскиот самит во 2003 година. Читать дальше...

Шведска и Данска ја паузираат употребата на вакцината Модерна за младите

SlobodnaEvropa.mk 

Шведска и Данска ја суспендираа употребата на вакцината Модерна против ковид 19 за помладите луѓе, велејќи дека тоа е направено како мерка на претпазливост по пријавите за можни ретки несакани ефекти, како што е миокардитис. Шведската агенција за јавно здравје објави дека ќе ја прекине употребата на Модерна вакцина за деца под 30 -годишна возраст, лица родени 1991 година и подоцна. Причината за прекин на вакцинацијата беа „знаци на зголемен ризик од несакани ефекти како што се воспаление на срцевиот мускул (миокардитис) и перикардитис“... Читать дальше...

Заев: Чекорите и блокадите од Радев се навреда за македонските граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Брдо кај Крањ, каде присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Заев нагласи дека не е нова вест оти за нас е прифатливо во духот на европските добрососедски односи да ги интензивираме разговорите со Бугарија. „Ние велиме да, можеме и мораме. Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во Северна Македонија, како што ни прилега... Читать дальше...

Приведен кумановецот кој се сликаше со лавче

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни соопшти дека е приведен 31 годишниот кумановец кој се сликаше со лавче за сторено кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни. Во одговор на новинарски прашања на Радио Слободна Европа од МВР велат дека на 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело. Читать дальше...



Од утре парно греење за скопјани

SlobodnaEvropa.mk 

Од утре (7 октомври) започнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, што се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Овие правила, додаваат, се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, одобрена од РКЕ. „Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува... Читать дальше...

ЕУ самит во Брдо: „5+1“ агенда за спорот Македонија - Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Европските челници во Брдо со ветување за посветеност на проширувањето на Унијата. Бугарскиот претседател Румен Радев со прецизни услови за Македонија. Премиерот Зоран Заев пак разочаран од новите потези на Бугарија

Меркел: Не поддржав фиксен датум за влез на Западен Балкан во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека учесниците на самитот ЕУ-Западен Балкан се согласиле дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на Европа, но дека таа не поддржала давање фиксен датум на државите од Западен Балкан за нивно пристапување кон Унијата. „Не поддржав да им се даде фиксен датум на земјите од Западен Балкан за нивно пристапување во Европската унија“, истакна Меркел на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ. Што напиша ЕУ во Декларацијата „Брдо“ Таа, исто така... Читать дальше...

Светска банка очекува 4,6 отсто раст на БДП за земјава годинава

SlobodnaEvropa.mk 

Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на земјава за годинава од 3,6 отсто на 4,6 отсто. Причини за подобрената прогноза е растот од 5,2 отсто во првото полугодие, зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје. Во извештајот за економиите на Европа и Централна Азија објавен синоќа, Светската банка дава прогноза за брз развој и зголемена конкуренција по повлекувањето на Ковид-19 пандемијата. За економијата на Северна... Читать дальше...

Македонија на „сива даночна листа“ во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Унија ја стави Северна Македонија на „сива листа“ поради недоволно исполнување на даночните критериуми, во прашање се технолошко-индустриските развојни зони, јавува новинската агенција МИА. Советот на ЕУ вчера ја стави Северна Македонија на сива листа на земји кои имаат потенцијално штетни даночни режими. Во македонскиот случај, како што јавува МИА, ова се однесува на технолошко-развојните индустриски зони. Одлуката на ЕУ се базира врз анализите на Организацијата за економска соработка... Читать дальше...

Турција и Азербејџан одржуваат заедничка воена вежба

SlobodnaEvropa.mk 

Турција и Азербејџан започнаа заеднички воени вежби, бидејќи двете држави ги прошируваат одбранбените врски по минатогодишната војна против ерменските сили за спорниот регион Нагорно-Карабах. Вежбата  „Непоколебливо братство“ што се одржува од 5 до 8 октомври доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Баку и Техеран, додека Иран во последните денови започна воени игри долж границата со Азербејџан. Ердоган во дводневна посета на Азербејџан Азербејџан и Иран долго време беа во расправии околу поддршката на Техеран за Ерменија... Читать дальше...

Кривична пријава за напаѓачот на Бислимоски

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е расчистен вчерашниот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски  кој се случи на тераса од угостителски објект во скопското Дебар Маало. Со соопштението е посочено дека е поднесена кривична пријава против напаѓачот А.Џ. кој го признал делото. Станува збор за синот на поранешниот поранешниот функционер Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“. Бислимоски... Читать дальше...

МОН-Околу 2 отсто ученици следат онлајн-настава

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти  денеска Министерството за образование и наука. Во нивното соопштение е наведено дека со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини. Неделков – Потребни се пократки часови и подолги одмори во време на пандемијата Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу... Читать дальше...

Вардар загаден со тешки метали во рамките на европските стандарди

SlobodnaEvropa.mk 

Тешки метали, пестициди, инстектици и медикаменти содржи водата во Вардар, покажаа првите резултати од мерењето на загадувањето на реката Вардар кое го спороведе хемискиот оддел на солунскиот универзитет „Аристотел“ во рамки на реализираниот проект со општина Гевгелија за одржливо управување на водните ресурси. Според првичните резулатати загадувањето на реката Вардар кои не ги надминуваат европските стандарди. „Досегашните мерења на квалитетот на водата од Вардар покажуваат присуство на тешки метали... Читать дальше...

Русија бележи нов рекорд на смртни случаи од ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Во Русија во изминатово деноноќие се евидентирани рекордни 929 смртни случаи на пациенти заболени со ковид-19. Ова е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата. Во Русија се уште е ниска стапка на вакцинација, со околу 30 проценти целосно вакцинирани од 146 милиони жители. Од почетокот на пандемијата во Русија се евидентирани вкупно 212 илјади смртни случаи, но според многу аналитичари и критичари бројките се многу поголеми од официјално соопштените. Рекорден број... Читать дальше...

Заев и Радев на средба со Меркел и Макрон: Македонија со надежи, Бугарија со услови

SlobodnaEvropa.mk 

Потребни се европски чекори од страна на сите земји членки на ЕУ за да не се дозволи разочарување на нашиот народ, а со тоа и зголемување на ризиците од засилување на ретроградните националистички струи. Ова денеска го рекол македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и со бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на официјалниот дел од денешниот Самит ЕУ - Западен Балкан, во Брдо кај Крањ, во Словенија. Според владиното соопштение... Читать дальше...

Новости России
Москва

Токсиколог Кутушов рассказал почему возникает похмелье


Филмот на Манчевски „Врба“ ќе го отвори филмскиот фестивал во Рим

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот режисер Милчо Манчевски вечерва е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“. Освен проекцијата на „Врба“, Манчевски ќе има и разговор со публиката на Балканскиот филмски фестивал. Тој во интервју за престижниот италијански весник „Кориере дела сера“ на новинарското прашање дали денескаима потреба од мост, можеби метафоричен, кој го поврзува Балканот изјави дека „Никогаш не е многу од мостови на Балканот“. „На сите ни требаат мостови... Читать дальше...

Доделена Нобелова награда за хемија

SlobodnaEvropa.mk 

Нобеловата награда за хемија оваа година им е доделена на двајца научници Бенџамин Лист и Дејвид Мекмилан „за развој на асиметрична органокатализа“.  Тие ја добија престижната награда за нивниот развој на „прецизна нова алатка за молекуларна конструкција: органокатализа, соопшти Шведската академија на науките, организацијата што ја доделува наградата. Нобелова награда за медицина за двајца Американци Претходно Нобеловата награда за медицина или физиологија годинава им е доделена на двајца американски научници... Читать дальше...

Комплекс на пропусти и одговорности за пожарот во тетовската болница

SlobodnaEvropa.mk 

Кој ќе одговара за фактот дека дефибрилатор бил вклучен на продолжен кабел, потоа зошто немало прегради за да се успори огнот, како и тоа дали имало противпожарни апарати се прашањата кои произлегоа од првичните сознанија за истрагата за пожарот во ковид болницата во Тетово.

Белорусија: офицер осуден на затвор поради учество во протести

SlobodnaEvropa.mk 

Белоруски суд осуди полковник од воздухопловните сили на две години затвор за учество во масовен протест минатата година против официјалните резултати од изборите во Белорусија по кои  шестиот последователен мандат му беше доделен на авторитарниот лидер Александар Лукашенко.  Окружниот суд во Минск го прогласи Алјаксеј  Сјанку за виновен за „учество во јавни настани кои бесрамно го нарушија општествениот поредок“ во центарот на главниот град во август 2020 година. Белорусија: кривично дело е... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Филипче и Хасани

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за свикување на итна седница на Собранието со две точки на дневен ред Одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и Одлука за разрешување на заменикот министер за здравство Илир Хасани, соопшти денеска пратеникот Антонио Милошоски. Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека нивните очекувања се дека претседателот на Собранието согласно членовите 67 и 68 ќе ја закаже седницата на Собранието во рок пократок од 10 дена... Читать дальше...

Шефот на украинската државна банка привремено поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на украинската државна банка Ефтен Метчер се извини за нападот врз новинарите од Шеми програмата за време на минатонеделното интервју и додаде дека се повлекува од функцијата до завршување на кривичната истрага започната за инцидентот. „Ситуацијата околу Банката е неприфатлива. Мојата претерано емотивна реакција и неограниченото однесување кон новинарите немаат оправдување “, изјави Метчер. Украина донесе закон со кој се ограничува влијанието на олигарсите Оваа изјава доаѓа два дена... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Пятая ракетка мира Пегула не выступит на турнире WTA 1000 в Мадриде






Компания ICDMC стала победителем престижной премии в сфере ЗОЖ – Green Awards 2023/24

Синоптик Вильфанд спрогнозировал дожди с грозами в Москве в ближайшие дни

Ювелир Бакатов оценил обручальное кольцо Баскова в стоимость однушки в Москве

Посольство направило ноту в МИД Турции из-за отказов Turkish Airlines россиянам