ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 08.10.2021

На скопскиот аеродром уапсени двајца Камерунци со скоро еден милион фалсификувани евра

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата уапсила двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, јавува МИА повикувајќи се на извори на истрагата. Според нивни извори, сега уапсените, во Скопје допатувале од Милано. Борбата против корупцијата- успешна само ако има и пресуди Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.

Русија додаде пет новинари на РСЕ во регистарот на „странски агенти“

SlobodnaEvropa.mk 

Пет новинари на Радио Слободна Европа(РСЕ) се дел од групата што денеска Министерството за правда на Русија ја додаде во регистарот на „странски медиумски агенти“. Рускиот закон за „странски агенти“ беше усвоен во 2012 година и постојано се менува. Според него невладините кои добиваат странска помош и за кои владата смета дека се вклучени во политичка активност, треба да се регистрираат, да се идентификуваат како „странски агенти“ и да се подложат на ревизија. Потоа со измени беа опфатени и медиуми финансирани од странство... Читать дальше...

Нов рекорд на починати од ковид во Романија

SlobodnaEvropa.mk 

Лекарите во Романија побараа ново затворање на државата поради коронавирусот, откако денеска беше објавено дека како последица на ковид-19 починале 385 лица, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата. Од вкупниот број смртни случаи, 357 се регистрирани во текот на изминатите 24 часа, додека останатите се од претходно, но не биле пријавени досега. Бројот на нови инфекции со коронавирус во Романија во изминатите 24 часа изнесува 13.854. Романија е земја членка на ЕУ, со втора најниска стапка на вакцинација против ковид-19. Читать дальше...

Экосистема Свое Фермерство Россельхозбанка получила премию FINAWARD’21

«Россельхозбанк» (Якутский региональный филиал) 

Экосистема Свое Фермерство Россельхозбанка получила премию FINAWARD-2021   в номинации «Решение для маркетплейса или экосистемы B2B». Церемония награждения состоялась 26 августа в банкетном комплексе GoldenPalaceMoscow.

Читать дальше...

Коцарев - Ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција

SlobodnaEvropa.mk 

„Ако секоја досегашна влада нудеше сè понови и се поиновативни пристапи во разнебитувањето на македонската држава, зарем не е време да се каже – вака повеќе не може, рече претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев на одбележувањето на 54 годишнината на Академијата Академик Коцарев вели дека е потребен нов фундаментален договор за државата, но не верува дека политичката елита ќе го почитува. „Ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција. Ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ. Читать дальше...

Экосистема Свое Фермерство Россельхозбанка получила премию FINAWARD’21

«Россельхозбанк» (Якутский региональный филиал) 

Экосистема Свое Фермерство Россельхозбанка получила премию FINAWARD-2021   в номинации «Решение для маркетплейса или экосистемы B2B». Церемония награждения состоялась 26 августа в банкетном комплексе GoldenPalaceMoscow.

Читать дальше...

Нови 386 случаи со ковид-19, 16 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 386 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени се 3.791 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 205 нови случаи, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1. Читать дальше...

СЗО во посета на Туркменистан, земјата „без ковид“

SlobodnaEvropa.mk 

Висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО) вчера го посети Туркменистан, чија влада негираше какво било присуство на коронавирус во земјата. Во посета на централно-азиската земја вчера бил регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Тој се сретнал со министерот за надворешни работи на Туркменистан, Рашид Мередов. Посетата на Клуге доаѓа бидејќи болниците во строго контролираната поранешна советска република се преполни со пациенти со ковид-19. Властите во Туркменистан... Читать дальше...



Компаниите во ноември да го издржат ценовниот шок, потоа ќе има интервентно производство на струја

SlobodnaEvropa.mk 

Компаниите во текот на ноември ќе треба да го издржат ценовниот шок на електричната енергија, оти интервентното производство на електрична енергија најбрзо што може да почне е во текот на декември месец, рече генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. Тој по средбата во Стопанската комора рече дека количините на јаглен од сопствено производство 100 процентно ќе го задоволат производството на електрична енергија за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум што ги покрива домаќинствата. Ковачевски вели... Читать дальше...

Самоубиствен напад во џамија во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 100 луѓе се убиени или повредени во експлозија на бомба во шиитска џамија во авганистанската провинција Кундуз. Станува збор за бомбаш самоубиец. Ова е најкрвавиот напад во Авганистан откако во август талибанците ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата. Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) на Твитер изрази длабока загриженост за нападот во областа Ханабад, повикувајќи се на првични информации кои укажуваат дека „повеќе од 100 луѓе загинаа и се повредени“. Читать дальше...

ЦУК предупредува дека постои можност од поплави

SlobodnaEvropa.mk 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредува на можност од поплави кои не би биле од големи размери, но може да биде поплавено земјоделско земјиште, можат да бидат поплавени и куќи покрај одредени реки и суводолици. Од ЦУК порачуваат институциите и граѓаните да бидат внимателни. На листата со места кои се критични се: сливот на реката Вардар, а најчесто има излевање на водата кај селата Јегуновце, Раотинце и Туденце, сливот на Треска, сливот на Црна Река, сливот на реката Струмица, конкретно... Читать дальше...

УЈП - Стружанец со најголема плата, заработувал по 142 илјади евра месечно

SlobodnaEvropa.mk 

Највисоката месечна бруто плата лани изнесувала 142 илјади евра и ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали. Според податоците од УЈП за поднесените годишни даночни пријави, највисоката годишна бруто плата во 2020 година изнесува 105,2 милиони денари или 1,7 милиони евра, односно 142 илјади евра месечно. Најмладиот „милионер“ во земјава имал само седум години и остварил доход од закуп во износ од  околу 1 милион денари или околу 17 илјади евра, а најстариот на возраст од 96... Читать дальше...

Рашковски парите од тендерите ги префрлал на свои сметки и си отплаќал кредити

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест лица за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување јавни набавки на софтвер. Со обвинителниот акт се бара да им биде продолжен куќниот притвор на Рашковски, како првообвинет и на четврто обвинетиот, сопственик и управител на економски оператор кој учествувал на јавните набавки. Читать дальше...

Дваесет и четири отсто од заразените со ковид во изминатите два месеци биле вакцинирани

SlobodnaEvropa.mk 

Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76 отсто од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 отсто, додека само 19 проценти од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, објави Министерството за здравство. Анализата го опфаќа периодот од 6 август заклучно со 7 октомври. Во тој период во земјава регистрирани се 38.019 граѓани позитивни на ковид 19, од нив 24 отсто биле целосно вакцинирани... Читать дальше...

Скопјанец казнет со 2000 евра, заразен излегол од дома

SlobodnaEvropa.mk 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против 41-годишен скопјанец за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетиот на 9 март добил позитивен резултат од извршено тестирање за коронавирусот во лабораторија во Скопје, но наместо да остане во задолжителна самоизолација, како што е предвидено со протоколите за заштита на населението од заразна болест... Читать дальше...

Уште 149 Авганистанци пристигнаа во земјава

SlobodnaEvropa.mk 

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Од македонската влада соопштија дека станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеле во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства. „Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации. По... Читать дальше...

По Данска и Шведска и Финска ја запре употребата на вакцината Модерна

SlobodnaEvropa.mk 

Финска им се придружи на другите нордиски земји во суспендирање или ограничување на употребата на вакцина Модерна против ковид 19 во одредени возрасни групи поради зголемен ризик од воспаление на срцето, што се смета за редок несакан ефект поврзан со вакцината. Финскиот институт за здравство соопшти дека властите нема да ја даваат вакцината на мажи под 30 -годишна возраст. Наместо тоа, ќе им биде понудена вакцината на Фајзер/Бионтек Државната агенција објави дека открила дека младите мажи и момчиња... Читать дальше...

Пленковиќ: Не добив извештај за насилство врз мигрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека го осудува насилството, но дека се уште не добил извештај за најновото видео за третманот на мигрантите на границата со Босна и Херцеговина. „Ние го осудуваме насилството, особено насилството врз мигрантите… Не знаеме кои се сторителите на видеото не се гледа дали мигрантите им се заканувале на некого, тоа е срамота и е крајно лошо. Ако сторителите се во државниот систем, во полицискиот систем, тие ќе одговараат“, истакна Пленковиќ. ... Читать дальше...

УЈП: 5.713 обврзници немаат исплатено плати на 14.829 вработени

SlobodnaEvropa.mk 

Годинава, заклучно со 4 октомври, 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени, информира директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. „До сите овие обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активности – денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади,“ рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Нови 306 работодавачи добиле државни пари, а не исплатиле плата Работодавачи злоупотребиле државна помош... Читать дальше...

Новости России
Москва

Она видит ложь: ТВ-3 начал съемки сериала «Лиса» с Олесей Фаттаховой


Забранети учебници без обезбедени услови за настава

SlobodnaEvropa.mk 

Дигитализацијата на учебници за четврто одделение уште не почната, како што треба, донесе забрана за печатени учебници и нивни фотокопии. Но, според упатените, најпрвин треба да се обезбедат услови за сите засегнати страни, а потоа реформата да се спроведува.

Се урна станбена зграда во Грузија

SlobodnaEvropa.mk 

Во грузискиот град Батуми денеска се урна дел од станбена зграда, а има и жртви, пренесуваат агенциите. Под урнатините на петкатната зграда има заробени лица меѓу кои и деца. Екипи на брза помош, пожарникари и полиција се на местото на несреќата. Две деца, се пронајдени во паркиран автомобил. Едно од нив е полесно повредено. Сите жители на зградата се евакуирани. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат спасувачки тимови со тешка механизација како ги расчистуваат урнатините. Засега не е позната причината за несреќата. Читать дальше...

Неделков: Не сме спремни за дигитализација на учебниците

SlobodnaEvropa.mk 

Имаме административно носење на одлука дека ќе се работи на ваков начин со дигитализација, а практично не сме спремни. Едно е во училиште дали учениците се спремни, меѓутоа за нивно образување треба да се вложи напор и во домашни услови. Прашање сега е дали сите ученици на национално ниво имаат подеднакво исти домашни услови да учат на дигитален начин“, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Експлозија во џамија во северен Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Експлозија погоди шиитска џамија во северната провинција Кундуз во Авганистан. Очевидци велат дека експлозијата се случила за време на петочната молитва, а според нив има и неколку жртви. Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи, Кари Сајед Хости, ја потврди експлозијата за АФП, без да даде повеќе детали.

Тројца приведени за труење со алкохол на 17 лица во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на жртвите што починале откако испиле алкохол кој содржел етанол се искачи на 17, изјавија официјалните лица, додека полицијата соопшти дека неколку лица се приведени. Регионалната полиција информираше дека жител во градот Орск е уапсен за наводно дестилирање на алкохолот во неговата куќа, а тројца други мажи се приведени за дистрибуција на алкохол во локалните продавници. Регионалната единица на националниот Истражен комитет, која соопшти дека се приведени само тројца осомничени, додаде... Читать дальше...

Нобелова награда за мир на новинарите Реса и Муратов

SlobodnaEvropa.mk 

Добитници на годинашната Нобелова награда за мир се новинарката од Филипини, Марија Реса и новинарот од Русија, Дмитриј Муратов, за нивните напори да обезбедат слобода на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир, изјави претседателот на норвешката Нобелова комисија, Берит Рајс објави Ројтерс. Реса е новинар и писател од Филипините, додека Мурат е главен и одговорен уредник на рускиот весник „Новаja газета“. Во минатата година наградата ѝ беше доделена на Светската програма за храна на Обединетите нации. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Медведев остался лучшим среди россиян в обновлённом рейтинге ATP, Рублёв — восьмой






В Подмосковье заключить договор на оказание ветеринарных услуг можно за 2 дня

Делегация ГУАП во главе с ректором посетила бизнес-форум в Дубае

Соревнования по шашкам среди дошкольников провели в Подмосковье

Участники аварий в Подмосковье обратились в службу помощи при ДТП 2,4 тыс раз