ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 09.10.2021

Австрискиот канцелар Курц поднесе оставка поради кривична истрага

SlobodnaEvropa.mk 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ќе поднесе оставка во услови на истрага за тоа дали користел државни средства за да плати за поволни анкети за јавното мислење и за вести во медиуми. Курц, кој ги негира обвиненијата, на 9 октомври објави дека министерот за надворешни работи Александар Шаленберг ќе ја преземе функцијата канцелар. Одлуката доаѓа еден ден откако три опозициски партии планираа да иницираат гласање недоверба против него на специјалната парламентарна седница следната недела. Читать дальше...

344 позитивни на коронавирус, 9 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 344 нови случаи на коронавирус, а 9 луѓе починале сите во болнички услови, но според Регистарот на починати од ковид пријавени се уште 9 починати во период од 7 септември до 4 октомври, информира Министерството за здравство. Направени се 4.962 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 143, Велес 33, Куманово 27, Штип 19, Струмица 15...   Регистрирани сe 339 оздравени пациенти, но при проверка на системот пронајдени се дополнителни 3.645 оздравени пациенти ... Читать дальше...

Партијата на Бабиш во водство на изборите во Чешка

SlobodnaEvropa.mk 

Популистичката партија АНО на чешкиот премиер Андреј Бабиш се чини дека има водство на парламентарните избори, но не беше јасно дали лидерот милијардер ќе може да состави коалициска влада. Си-Ен-Ен „Прима њуз“ по затворањето на избирачките места на 9 октомври предвидува дека АНО ќе биде прва со 27,8 проценти од гласовите, а потоа следуваат двете опозициски коалиции кои ветија дека ќе работат заедно за да го соборат АНО: коалицијата на десниот центар „Заедно“ со 26,4 отсто и либералната група Пирати/Мајори со 15 проценти. Читать дальше...

Вучиќ: Србија има доволно струја и гас

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека се покажало добро што Србија не се откажала од рудникот за јаглен и им вети на граѓаните дека ќе имаат доволно електрична енергија и гас. Тој на прес-конференција на врвот на владејачката Српска напредна партија (СНС) со која тој раководи, рече дека прашањето за електричната енергија е сериозна тема. „Мораме да подигнуваме обновливи извори, но исто така се покажа дека донесовме паметна одлука да не ги затвориме нашите рудници (јаглен)“, рече Вучиќ. Читать дальше...

Талибанците нема да соработуваат со САД во сузбивање на Исламската држава

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците денеска ја отфрлија можноста за соработка со САД во борбата против екстремистичките групи во Авганистан, изразувајќи таков став пред првите директни разговори меѓу двете страни откако Американците се повлекоа од земјата. Високи претставници на талибанците и претставници на Соединетите држави треба да се состанат на 10 и 11 октомври во Доха, главниот град на Катар. Официјални лица од двете страни рекоа дека прашањата за кои се разговара ќе вклучуваат спречување на екстремистичките... Читать дальше...

Додик: Република Српска ќе се повлече од заедничката војска и судството на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Водачот на босанските Срби Милорад Додик изјави дека етничкиот српски ентитет ќе се повлече од заедничката војска, највисокото судско тело и даночната администрација на земјата, потег што хрватскиот член на претседателството го нарече „криминален чин на бунт“. Додик - српскиот член на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина, на 8 октомври рече дека „договорот што го дадовме за законот за одбрана, Високиот судски и обвинителски совет и Управата за индиректно оданочување ќе биде повлечен“. Читать дальше...

Највисоко ниво на увоз и извоз во индустриските развојни зони (ТИРЗ)

SlobodnaEvropa.mk 

Во првиот, вториот и третиот квартал од оваа година регистрирано е највисоко ниво на економска активност во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во споредба со истиот период во последните четири години, се вели во редовната анализа на ТИРЗ. ТИРЗ се зони кои се дел од царинското подрачје на земјава одвоени од другиот дел на царинското подрачје, според законот за ТИРЗ. „Во периодот од јануари до септември годинава, извозната активност во индустриските зони достигна 2 милијарди и 235 милиони... Читать дальше...

Апелациониот суд на САД повторно го забрани абортусот во Тексас

SlobodnaEvropa.mk 

Федералниот апелационен суд на САД донесе одлука за привремено продолжување на примената на законот за забрана на абортус, само еден ден откако беа отворени клиниките за абортус, пренесува Гласот на Америка. Сојузната држава Тексас усвои ригорозен закон за забрана на абортус, кој го забранува абортусот по шестата недела од бременоста кога многу жени дури и не знаат дека се бремени. Законот од самиот почеток беше оспоруван во судовите, а во средата неговата примена беше привремено суспендирана од страна на федерален судија. Читать дальше...



Преку три илјади полицајци ќе го обезбедуваат настанот „Неврзани 2021“ во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

За обезбедување на настанот „Неврзани 2021“ во Белград ќе бидат ангажирани 3.243 припадници на Министерството за внатрешни работи, а се очекува да пристигнат 117 делегации со 572 нивни членови, изјави денеска командантот на Единицата за  обезбедување на одредени лица и објекти Дејан Стефановиќ. На 11 и 12 октомври во Белград ќе биде одржан самит по повод одбележување на 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните. Движењето на неврзаните е најголемата група на држави по Обединетите нации. Читать дальше...

Први разговори на САД со талибанците по преземањето на власта

SlobodnaEvropa.mk 

Официјални лица на Соединетите држави ќе ги одржат своите први разговори лице в лице со претставници на талибанците, по повлекувањето на САД од Авганистан и по преземањето на земјата зафатена од војна од тврдокорната исламистичка група. Стејт департментот на 8 октомври соопшти дека делегација на САД на 9 и 10 октомври ќе се сретне со високи претставници на талибанците во Доха, Катар, каде што американските официјални лица во последните години имаа средби со талибанските преговарачи со цел да се дојде до можен мировен договор. Читать дальше...

Кинескиот претседател вети „обединување“ со Тајван

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека „обединувањето“ со Тајван „мора да се исполни“. Си додаде дека обединувањето треба да се постигне по мирен пат, но предупреди дека кинескиот народ има „славна традиција“ на спротивставување на сепаратизмот. Пекинг не ја отфрли можната за употреба на сила за да се постигне обединувањето. Како одговор, претседателската канцеларија на Тајван соопшти дека иднината на островот е во рацете на неговите луѓе, пренесува Би-Би-Си. Тајван се смета себеси за суверена држава. Читать дальше...

Бројот на починати од труење со алкохол во Русија се искачи на 26

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти соопштија дека бројот на луѓе кои починале по пиење алкохол кој содржел етанол се искачил на 26 лица, додека истражителите привеле и други луѓе во јужниот регион Оренбург. Новинската агенција Интерфакс денеска исто така цитираше претставници на локалната самоуправа кои велат дека 28 лица биле хоспитализирани. Тројца приведени за труење со алкохол на 17 лица во Русија Локалните вести велат дека најмалку шест лица се приведени од објавувањето на првите извештаи за заболување на луѓето од 7 октомври. Читать дальше...

Скопје најкрупен залак- некој ќе слави, некој ќе жали

SlobodnaEvropa.mk 

Изборната кампања влезе во втората половина и веќе може да се изведуваат заклучоци за тоа кој како се претставува пред граѓаните, во медиумите, на социјалните мрежи. Поради јасни причини, најголемата битка се води за тоа кој ќе ја раководи локалната власт во поголемите градови, а особено во Скопје.

ОН: Правото на чиста животна средина е основно човеково право

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) во петокот на 8 октомври го изгласа признавањето на правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина како основно човеково право. Со 43 гласови „за“ и нула против е усвоена резолуција за чиста животна средина, во која исто така се повикуваат државите да ги зголемат напорите за подобрување на животната средина, додека четири држави членки: Кина, Индија, Јапонија и Русија беа воздржани. СЗО: И пониските нивоа на загадување на воздухот... Читать дальше...

Варшава: Белоруските сили пукале врз полските војници, Минск негира

SlobodnaEvropa.mk 

Полскиот премиер Матеуз Моравјецки им даде поддршка на војниците што ја чуваат белоруската граница од илегална миграција, по извештаите дека белоруските сили наводно пукале, веројатно празна муниција, врз полските војници, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик. Моравјецки изјавата ја даде на 8 октомври а претходно истиот ден портпаролката на граничната стража Ана Михалска изјави дека белоруските сили на 7 октомври пукале преку источната граница на Европската унија, без да прецизира која била целта. Читать дальше...

Времето денеска врнежливо и студено

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 11 степени, додека максималната ќе достигне од девет до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне 11 степени.

Секое четврто семејство зимоска грее само едно сопче

SlobodnaEvropa.mk 

Над 35 илјади корисници на социјална помош и околу 9400 стари лица без пензии и без имот добиваат по 1000 денари месечно од државата за да може да си ги подмират сметките за греење. Од Здружението Вистински дела на љубезност, со години им помагаат на луѓето од ранливи категории, а веќе една година се дел од проектот Плати сметка. Според податоци на Евростат скоро 25 отсто од Македонците изјавиле дека не можат соодветно да ги загреат своите домови.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Теннисистка Касаткина заявила, что скучает по России, но пока не может приехать






Климатолог Семенов объяснил причины ранних сезонов ураганов в Москве в этом году

Педагоги вузов Москвы провели мастер-классы для юных талантов Ямала

Вандалы разгромили могилу основателя группы «Король и Шут»

Юрист Палюлин назвал этапы оценки стоимости недвижимости