ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 13.10.2021

Нови 412 случаи на ковид-19 и 12 починати лица

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 412 нови случаи на ковид-19 од направени 3567 тестирања. Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица. Дополнително, според Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 1.9.2021 до 8.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови. Читать дальше...

Иран и Азербејџан преку дијалог ќе ги ублажуваат тензиите

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџан и Иран денеска се согласија да ја решаваат дипломатската криза преку дијалог среде тензиите што избија минатиот месец поради вежбите во близина на нивната заедничка граница и спорот околу можното израелско воено присуство во Азербејџан. Двете страни денеска објавија дека ќе работат на деескалација на тензиите. До ова доаѓа откако министерот за надворешни работи на Азербејџан, Јехун Бајрамов и неговиот ирански колега, Хосеин Амир-Абдолахиан, телефонски разговарале минатата вечер. Минатиот... Читать дальше...

Во Албанија нема зголемување на цената на струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот вицепремиер Арбен Ахметај, по денешната владина седница, изјави дека донесена е владина одлука со која нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите бизниси. Компаниите во ноември да го издржат ценовниот шок, потоа ќе има интервентно производство на струја Тој посочи дека покрај заштитата на домаќинствата и малите бизниси од зголемувањето на цената на електричната енергија, постои план за големиот бизнис со непречено снабдување со електрична енергија и заштита на овие две категории... Читать дальше...

Вучиќ на состанокот со Србите од Косово- Со вас сме!

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со претставници на Србите во Косово по денешните инциденти изјави дека што и да се случи, Белград и Србија ќе застанат зад нив. Тој денеска пристигна во Рашка во јужниот дел на Србија каде што се сретна со претставниците на Србите во Косово. Поводот за денешниот состанок беше косовската полициска акција која предизвика инциденти во Звечан и Северна Митровица. Косовската полиција употреби солзавец против демонстрантите кои денеска се упатиле кон полициската станица во Северна Митровица... Читать дальше...

Кумановци откопале гроб во потрага по накит

SlobodnaEvropa.mk 

Кумановското јавно обвинителство поведе кривична постапка против 30 годишен маж поради тешка кражба. Осомничениот заедно со двајца соучесници вечерта на 10 октомври со лопати и ашов откопале гроб на градските гробишта во Куманово во потрага по златен накит. „Осомничените го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел пронаоѓање на златен накит, особено златен ланец за кој имале сознанија дека се наоѓа на телото на покојната, меѓутоа при пребарувањето не успеале да пронајдат ништо... Читать дальше...

Нападната новинарска екипа на Радио Слободна Европа во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Нападната е новинарска екипа на Радио Слободна Европа од група демонстранти во косовската општина Звечан. Нападот бил за време на нередите кои избија поради полициската акција против криумчарење на стока. При влезот во општината каде што имаше инциденти околу 50-тина демонстранти го застанале возилото со кое патувала екипата на Радио Слободна Европа барајќи да престанат со снимање. Повредени нема, но предизвикана е материјална штета. Опремата е оштетена при обидот на демонстрантите да и ја одземат камерата на Радио Слободна Европа. Читать дальше...

Повторно осудена на 19 години затвор обвинетата девојка за помагање во убиството на Пино

SlobodnaEvropa.mk 

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за помагање во извршување на убиствотона 26 годишниот Пинета Секондо-Пино, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје повторно беше осудена на 19 години затвор. Пресудата во повтореното судење следува откако претходната беше укината од Апелацискиот суд во Скопје и предметот беше вратен на повторно судење. Причината за повторното судење беа вештачењата кои овој пат беа разјаснати од самите вештачи. 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пинета... Читать дальше...

Пендаровски и Силва очекуваат исчекор во македонската евроинтеграција до крајот на годинава

SlobodnaEvropa.mk 

Исчекор во пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ уште за словенечкото претседателство, очекуваат македонскиот претседател Стево Пендаровски и португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, се вели во соопштението од претседателскиот Кабинет. Пендаровски денеска во Малме, на маргините на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот „Запомни – Реагирај“, се сретна со Силва. Тие на средбата разговарале за  можностите за напредок на Северна Македонија во евроинтеграциите... Читать дальше...



Загинаа двајца работници во рудникот Бучим

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска на пладне загинале две лица во рудникот „Бучим“ во Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси. Во соопштението до медиумите е наведено дека загинатите се подизведувачи - членови на Алпинистички клуб „Плоча“ Радовиш. „На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт“, се вели во соопштението од рудникот. Читать дальше...

Еден ранет, десетина повредени и приведени по инцидентите на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Во северниот дел на Косово, каде што живеат Срби, дојде до судири на полицијата и демонстранти, при што има неколку повредени, еден ранет и осумина уапсени. Полицијата употреби солзавец против насилните демонстранти кои протестираа против акцијата на косовската полиција за сузбивање на шверц.

Расте евроскептицизмот во Романија

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од две третини од романските граѓани веруваат дека нивната земја треба да ги брани своите интереси доколку се во судир со правилата на ЕУ, дури и ако тоа би значело напуштање на Унијата, покажува неодамнешното истражување. Истражувањето покажало дека расте рамнодушноста кон ЕУ кај Романците, пренесува бриселскиот портал Еурактив. Според резултатите од истражувањето спроведено во март и јуни 2021 година, 64,2 проценти, односно 64,8 проценти од населението, сметале дека напуштањето на ЕУ е фер цена за одбрана на националните интереси. Читать дальше...

Судскиот совет постапува по предметот со штедачите на Еуростандард банка

SlobodnaEvropa.mk 

Судскиот совет, како и во многу други предмети, така постапува и по предметот со штедачите во Еуростандард банка, за кој неодамна Апелациониот суд Скопје донесе одлука, соопштија од Републичкиот судски совет. „Со оглед на тоа дека во јавноста се појавија информации поврзани со случајот, поконкретно дека советот на Апелациониот суд донел одлука за еден ден во врска со жалбата на групата штедачи, Судскиот совет информира дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба“, информираат од Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Борел: Да запрат насилствата во северно Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Насилните инциденти на северот на Косово треба веднаш да се прекинат, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жoзеп Борел, во врска со немирите во тој дел од земјата поради акцијата на косовската полиција против шверцот на стока. "Едностраните и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи. Сите отворени прашања мора да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ. Ние сме во контакт со Белград и Приштина", објави Борел на својот Твитер профил. Читать дальше...

Курти: Ќе го спречиме шверцот, нема толеранција за криминални групи

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека акцијата на косовската полиција, поради која населението на северот на Косово протестираше денеска, била насочена против шверцот на стоки во Приштина, Пеќ, Северна и Јужна Митровица. Во протестите се повредени осум лица. Во објавата на својот фејсбук профил, Курти посочи дека овие дејствија се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и додаде дека претходно била спроведена истрага. „Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани. Читать дальше...

Чавушоглу: Русија и САД се виновни за нападите на курдската ЈПГ

SlobodnaEvropa.mk 

Москва и Вашингтон не ги исполнија своите ветувања дека ќе обезбедат повлекување на Единицата за народна заштита од сириската погранична област, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу. Чавошоглу  рече дека Турција ќе направи се што е потребно за нејзината безбедност, истакнувајќи дека САД и Русија се одговорни за прекуграничните напади од сириската курдска милиција, Единицата за заштита на народот (ЈПГ). Тој на прес конференција во Анкара рече дека Соединетите Држави и... Читать дальше...

Германија алармира на зголемен број мигранти на „Белоруската рута“

SlobodnaEvropa.mk 

Германските власти соопштија дека протокот на мигранти кои пристигнуваат преку Полска и Белорусија е зголемен со повеќе од 4.300 илегални влезови во земјата од август, во услови на долготрајна криза во која Европската Унија го обвини Минск за „вооружување“ на бегалците. Германската федерална полиција денеска соопшти дека повеќето од мигрантите без документи кои пристигнуваат преку „Белоруската рута“ се од Ирак, Сирија, Јемен и Иран. Тие главно се сместени во центрите за прифаќање азил во источногерманската покраина Бранденбург... Читать дальше...

Можен ли е реципротет во разговорите со Бугарија?

SlobodnaEvropa.mk 

Ако од нас се бара нешто што Бугарија смета дека е во согласност со добрите европски практики најдобро е да го направиме така како што е направено во Бугарија, коментира Александар Кржаловски од МЦМС. Тој смета дека Скопје треба да бара реципроцитет за сите точки во разговорите со Софија.

Кржаловски:Се што бара Бугарија да ни покаже како тоа го решила кај нив

SlobodnaEvropa.mk 

Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС во разговорите меѓу Скопје и Софија треба да се бара реципроцитет и тоа вели за се што бара Бугарија. Тоа може да биде и од помош во демистифицирањето на бугарските барања, додава тој.

Брнабиќ ги повика НАТО и КФОР да реагираат во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска ги повика НАТО и КФОР итно да реагираат на Косово и како што додаде „да го скротат премиерот на Косовo Албин Курти“. „Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последен момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина. Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос“, се наведува во соопштението од кабинетот на српската премиерка. Како што е потврдено за агенцијата Танјуг, претседателот на Србија... Читать дальше...

Новости России
Москва

Каждый пятый российский зумер планирует переехать из города-миллионника в Москву


И покрај забраната, кубанската опозиција не се откажува од протести

SlobodnaEvropa.mk 

Кубанската опозиција не се откажува од повикот за протест на 15 ноември, дури и по забраната од владата за собири и обвинувања дека тие предизвикуваат промена на режимот со поддршка на Вашингтон, пренесува агенцијата Франс прес. „На 15 ноември, нашата лична одлука ќе биде да протестираме граѓански и мирно за нашите права“, објави групата Архипелаг на Фејсбук, повикувајќи на протести. Како што се додава, одговорот на властите е полн со лажни тврдења и клевети и „претставува кривично дело“. ... Читать дальше...

Филипче: Од утре ќе се бара согласност од родителите за скрининг

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре ќе почнат да бараат согласност од родителите за спроведување на скринингот во училиштата.  „Со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа, почетокот на следната тоа ќе се обезбеди, за да од следната недела се спроведе скринингот, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање. Тој апелираше до родителите да го прифатат скринингот... Читать дальше...

Aлармантни гледишта за сексуалното злоставување во Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Експертите ги оценуваат ставовите на црногорските граѓани за сексуалното насилство врз девојчиња и жени како алармантни. Тие веруваат дека е можен некаков напредок преку економско зајакнување и независност на жените. Лела Шќепановиќ

Солзавец на протестите во Северна Митровица против акцијата на косовската полиција

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција употреби солзавец против демонстрантите кои денеска се упатиле кон полициската станица во Северна Митровица, револтирани од акцијата против криумчарење стока, јавува новинарката на Радио Слободна Европа од местото на настанот. Во градот се слушаат сирени од противпожарни возила и амбулантни возила. Косовската полиција е пред аптеката. Граѓаните велат дека во средата наутро се огласиле сирени. Во Северна Митровица, насобраните луѓе речиси се разотидоа, додека полициската акција продолжува во Звечан. Читать дальше...

Двајца тераат црна кампања – третиот користи

SlobodnaEvropa.mk 

Помалите партии и независните кандидатски листи може да бидат најголеми добитници на црната кампања која меѓу себе ја водат владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Негативната кампања обично ги пасивизира гласачите, но тие може да побараат и трета опција. Левица е во позиција да извлече најголема корист од тоа, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Министри на Израел и ОАЕ во Вашингтон, Иран во фокусот на разговорите

SlobodnaEvropa.mk 

Највисоките дипломати од Израел и Обединетите Арапски Емирати денеска треба да одржат тристрани преговори во Вашингтон, додека администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да ги нормализира односите меѓу Израел и земјите од Персискиот Залив. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе има одделни, но и заедничка средба со израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид и неговиот колега од ОАЕ шеикот Абдула бин Зајед Ал-Нахјан. Загриженоста за состојбата во Иран, која се очекува да биде високо на агендата... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Хачанов победил Черундоло и пробился в 1/8 финала турнира ATP в Майами






44 старых жилых дома по реновации снесли в Москве с начала года

Закупки Газпрома. 28 марта 2024 г. Капитальный ремонт и др. услуги

Посетитель концерта в Crocus City Hall Фидря спасся благодаря открытой парковке

Российские войска атаковали Запорожскую область: повреждены около 50 домов