ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 15.10.2021

Приведен осомничен за поткуп на гласови

SlobodnaEvropa.mk 

Приведен е 50-годишен човек од село Милино, Општина Лозово, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари, соопштија од МВР. Човекот е приведен оти вршел  „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  Кандидатите за градоначалници предигра за главните ѕвезди - лидерите! В недела ќе се... Читать дальше...

Македонија на 64-то место според Индексот за владеење на правото

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација. Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, Хрватска на 46-то со индекс 0,61, исто колку што има и Грција на 48-то, Косово на 60-то со 0,55, а Бугарија е 62 со индекс исто како и Македонија – 0,54. Босна и Херцеговина е 72 со индекс 0,52... Читать дальше...

Русија - Американски воен брод навлезе во руски води

SlobodnaEvropa.mk 

Руски воен број избркал брод на американската морнарица, кој наводно навлегол во руски територијални води за време на руско-кинеските поморски вежби во Јапонското Море, соопштија руските власти. Засега нема коментар од американска страна. Пријавениот инцидент на 15 октомври доаѓа во време кога односите меѓу Москва и САД и нивните западни сојузници се на најниско ниво по Студената војна, затегнати од низа прашања, вклучително и мешање на Русија во изборите, конфликтот во Украина и сајбер-нападите зад кои наводно стојат руски хакери. Читать дальше...

Директорот на „Пошта“ смирува вработените не треба да бидат загрижени за исплатата на плати

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на АД „Пошта“ Јани Макрадули денеска изјави дека вработените не треба да бидат загрижени за финансиската стабилност за исплата на плати. Тој вели дека денеска уште утрово, во законски рок, како што е предвидено, е исплатена платата за сите 2.400 вработени. Тој наведе дека на состанокот со синдикатите било договорено, по зголемувањето на минималната плата од 1 јануари, како да ја зголемат платата на вработените. Денеска протестираа вработени во „Пошта“ во Охрид. Тие побараа навремена исплата на плати... Читать дальше...

Седница за Косово во ОН: Дијалогот Белград – Приштина сега е императив

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК) Захар Танин изјави дека неодамнешните инциденти на Косово ја продлабочиле недовербата меѓу заедниците, поради што дијалогот под покровителство на ЕУ сега е императив. На редовната седница на Советот на безбедност на ОН за Косово денеска, тој потсети дека при крај на извештајниот период уследиле неколку инциденти кои, како што наведе, биле последица на недостигот на политичко разбирање и комуникација. Тој додаде дека е против еднострани акции и наведе дека сè мора да оди низ дијалог... Читать дальше...

Путин - ИД има илјадници борци во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Милитантната група Исламска држава (ИД) има илјадници борци во северен Авганистан, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Изјавата на Путин доаѓа во време кога Москва се подготвува да биде домаќин на меѓународни разговори следната недела за ситуацијата во Авганистан. „Според нашите разузнавачки податоци, бројот на членови на ИД само во северен Авганистан е околу 2.000 луѓе“, рече Путин за време на видео-обраќањето на самитот на поранешните советски држави. Путин тврди дека борците... Читать дальше...

ЕК в вторник ќе ги објави извештаите за напредокот на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Редовните извештаи за реформскиот напредок за земјите од Западен Балкан ќе бидат објавени на 19 октомври во Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Брисел. Извештаите на Европската Комисија секоја година го мерат напредокот во сите реформски области на земјите од Западен Балкан. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ќе ги презентира извештаите во Стразбур пред европратениците. Закочените евроинтеграции се „чист пенал“ за влијание од други страни Македонија стана земја-кандидат за членство во ЕУ во 2005 година... Читать дальше...

Напаѓачот со лак и стрела оди во притвор во медицинска установа

SlobodnaEvropa.mk 

Човекот кој е осомничен дека во Норвешка уби пет луѓе во напад со лак и стрела да биде задржат во притвор во медицинска установа, нареди Норвешкиот суд. Во установата експерти треба да го проценат неговото ментално здравје, одлучи Судот. Триесет и седумгодишниот Еспен Андерсен Братен, кој е дански државјанин и кој преминал во ислам, ќе остане во притвор четири недели, од кои првите две во целосна изолација, одлучи денеска судијата. Потребна е целосна психијатриска евалуација за да се утврди... Читать дальше...



Британски пратеник избоден до смрт додека имал состанок со гласачи

SlobodnaEvropa.mk 

Британски пратеник е избоден со нож до смрт додека бил на состанок со гласачи, соопшти британската полиција. Британскиот пратеник од редовите на конзервативците, Дејвид Ејмс, кој имал 69 години, е избоден денеска додека во методистичката црква имал состанок со гласачи. За време на состанокот во црквата влегол човек и го избол пратеникот, соопшти полицијата. Итните служби се обиделе да му помогнат на пратеникот, но тој починал на местото на настанот. Ејмс е вториот британски пратеник убиен во последните пет години. Читать дальше...

Десетици мртви во напад на шиитска џамија во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 32 лица загинаа, а 53 се повредени во експлозија во шиитска џамија во јужниот авганистански град Кандахар, соопштија болнички извори. Експлозијата се случила денеска(15 октомври) во време кога џамијата била преполна со верници кои присуствувале на петочната молитва. „Досега во нашата болница се донесени 32 тела и 53 ранети луѓе“, изјави за агенцијата АФП, лекар од главната болница во градот. Никој досега не презеде одговорност за експлозијата и не се знае што ја предизвикало. Нападот... Читать дальше...

МНР - Споменикот на бугарските војници кај Кавадарци не е оштетен

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи излезе со реакција во врска со наводно оштетување на споменикот обележје за загинати 193 бугарски војници во Првата светска војна, во близина на трасата на експресниот пат Градско-Прилеп, делница „Фариш – Дреново“, Кавадарци. Во реакцијата на МНР се наведува дека Управата за заштита на културно наследство и Јавното претпријатие за државни патишта направиле вонреден увид и констатирале дека главниот споменик се наоѓа во добра состојба, без оштетувања. Во соопштението... Читать дальше...

Една четвртина од заразени со ковид во изминатите два месеци биле вакцинирани

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните два месеци, односно во период од 6 август до вчера, се потврдени 40.208 граѓани позитивни на ковид-19, од кои 25 отсто биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица, соопшти Министерството за здравство. Останатите 74,9 отсто од заразените, или 30.142 граѓани не биле вакцинирани, се наведува во анализата што ја објави Министерството за здравство. За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од апликацијата на втора доза вакцина. Читать дальше...

Средба Вучиќ – Путин на крајот на ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека го добил како прелиминарен датум 25 ноември за средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Двајцата претседатели ќе разговараат за проблемите во Косово, цената на гасот и актуелната гасна криза во Европа. Вучиќ запрашан за средбата со Путин и енергетската ситуација, изјави дека само несериозните луѓе можат да кажат дека ситуацијата е целосно стабилна и безбедна. „Верувавме дека ќе се намали цената на гасот на пазарот, но нашите анализи не се точни. Читать дальше...

Нови 413 заразени со ковид-19, пријавени 13 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 413 нови случаи на ковид-19 од направени 3.025 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 205 нови случаи, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1. Читать дальше...

Борел побара Вучиќ и Курти да дојдат во Брисел на нова рунда преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, разговарал телефонски со српскиот претседател и со косовскиот премиер и побарал да се одржи нова рунда преговори во рамките на бриселскиот дијалог за да се надминат тензиите. Ова го потврди денеска портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, кој прецизираше дека Борел разговарал со двајцата лидери за време на неговиот престој во САД. Шефот на ЕУ дипломатијата во Вашингтон се сретна со државниот секретар, Ентони Блинкен, со кого разговарале за тензиите на северот на Косово.

Радев - Почитувањето на правата на Бугарите во Македонија е предворјето за влез во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Бугарија Румен Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија. Тој рече дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакна дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација... Читать дальше...

Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградба на „Шпанските скали“

SlobodnaEvropa.mk 

Во буџетот на Општина Центар вратени се 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра, со активирање на банкарската гаранција за изградбата на таканаречените „Шпански скали“. Како што информираат од општината, до Амадеус Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје е доставена изјава за едностраното раскинување на договорот. Обвинение за 11 лица за „Шпански скали“ Фирмата била обврзана да добие одобрение за градба до август 2014, но Општина Центар го издала одобрението цела година подоцна. Согласно договорот... Читать дальше...

Херојска програма за четирите децении Скопје џез фестивал

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на артисти како Матс Густавсон, херојот на скандинавската џез сцена, новата ѕвезда на џезот, американската басистка Линда Меј Хан О, славниот кубански пијанист Роберто Фонсека...од 20 до 24 октомври ќе се одржи јубилејното 40 издание на Скопски џез фестивал.

Шестмина ерменски војници ранети во Нагорно-Карабах

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџанските сили раниле шестмина ерменски војници во енклавата Нагорно-Карабах околу која се водеше војна меѓу двете земји минатата година. Според ерменскиот пратеник за човекови права Раман Татојан, двајца од ранетите војници се во критична состојба. Инцидентот се случил во близина на селото Нор Чен во Нагорно-Карабах во близина на положбата на оружените сили на Азербејџан, напиша тој на Фејсбук, додавајќи дека биле пукано и од други правци. Технологијата и Турција стојат зад воената... Читать дальше...

Новости России
Москва

Как поучаствовать в продаже иностранных ценных бумаг по указу №844


Јотова - Бугарија има право на цврста позиција кон Македонија за бугарските воени споменици

SlobodnaEvropa.mk 

Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. Јотова во изјава за БНТ се осврна и на, како што рече, „сквернавењето на гробовите на бугарските војници во Република Северна Македонија“, оценувајќи дека тоа е „многу долга сага“. ... Читать дальше...

„Обесете ги на дрвја“-закани кон сопственик на хостел за мигранти во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Синиша Шево лани отвори хостел за мигранти во северна Србија. Кратко потоа, група на екстремната десница ја стави неговата фотографија и други податоци на плакати, означувајќи го како предавник и упатувајќи му смртни закани. Душан Комарчевиќ

Дијана Томиќ Радевска: Слободата скапо се плаќа

SlobodnaEvropa.mk 

„Неподнослива празнина“ е насловена самостојната изложба, мултимедијалниот проект на Дијана Томиќ Радевска, што од 1 до 15 октомври се одржа во Музеј на град Скопје и преку кој уметничката се обиде со својот визуелен ракопис да провоцира размислувања за квалитетот на животот – овде и сега.

Во Туркменистан „нема коронавирус“, но има 25 илјади починати на тајната листа

SlobodnaEvropa.mk 

Туркменистан, чиј авторитарен лидер тврди дека во земјата не е регистриран ниеден случај на ковид-19, тајно регистрирал околу 25 илјади смртни случаи поврзани со болеста од почетокот на пандемијата пред две години, изјави извор од туркменистанскиот здравствен систем за Радио Слободна Европа. „Иако бројот на смртни случаи [од коронавирус] не е јавно објавен, секојдневно се доставува од провинциите во Министерството за здравство“, изјави изворот. СЗО во посета на Туркменистан, земјата „без ковид“ Туркменистан... Читать дальше...

Македонско-бугарската историска комисија на нов состанок

SlobodnaEvropa.mk 

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања се подготвува за нов состанок идната недела. Средбата ќе се одржи во изборен период во двете земји. И додека од комисијата најавуваат дека таа ќе биде онлајн, министерот Османи инсистира да се одржи во живо.

Филипче - Многу анализи ја потврдуваат ефикасноста на вакцините против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Ефикасноста на вакцините против ковид-19 ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со ковид-19 се невакцинирани, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Заштитата од вакцината на Фајзер/Бионтек се намалува со текот на времето Тој посочува дека истражувањето на Цивика мобилитас покажува дека... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Прямая трансляция первого матча Елены Рыбакиной на турнире в Штутгарте






Жители Ростова в очередной раз высказались против застройки Левобережной рощи: там нужен экопарк

Земельный контроль Подмосковья осмотрит около 10 тысяч участков с борщевиком

Наклейки сообщают жителям Долгопрудного о ремонте детских площадок

VK открывает набор на оплачиваемую летнюю стажировку