ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 17.10.2021

Ахмети прогласи победа на ДУИ на локалните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ДУИ Али Ахмети прогласи победа на локалните избори и рече дека неговата партија победила уште во првиот круг во Сарај, Пласница, Липково и оти е во предност во многу други општини. Славје пред ВМРО-ДПМНЕ „ДУИ е во значителна предност во Тетово и Чаир, во Кичево, во Струга, во Желино, во Теарце, Боговиње, ДУИ има предност во Арачиново, Долнени, во Дебар одиме во втор круг, во Гостивар зголемен е нашиот фонд на гласови за 100%. Во Чашка одиме во втор круг со предност“, рече Ахмети. Читать дальше...

Славје пред ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Со зурли и тапани се прославува пред седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Членови и симпатизери на партијата извикуваат „Цело Скопје вмровски град“, а заиграа и оро. Според партиски извори тие освоиле победа уште во прв круг во Јегуновце, Градско, Сопиште, Могила, Прилеп, Виница, Кратово, Илинден..., а водат во речиси сите скопски општини. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша: „Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Читать дальше...

„Зелен хуман град“ обвинува за неправилности и најавува приговори и кривични пријави

SlobodnaEvropa.mk 

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од „Зелен хуман град“ Ана Петровска вечерва оцени дека денешните избори поминале со бројни нерегуларности и импровизации при толкувањето на Изборниот законик. Според „Зелен хуман град“, имало случаи на семејно гласање, гласање со придружба и помош при гласање од член на избирачки одбор, а на избирачкото место 2 722, член на избирачкиот одбор по грешка дал две исти ливчиња за градоначалник на Град Скопје, при што гласачот гласал. Левица - Од утре ништо нема да биде исто... Читать дальше...

Левица - Од утре ништо нема да биде исто, не нè изненадуваат обидете за саботажа

SlobodnaEvropa.mk 

Политичката партија Левица на првата прес-конференција по затворање на изборните места информираше за низа нерегуларности што нивните активисти ги забележале во тек на денешниот ден. Во Општина Штип, според претставникот на Левица, Амар Мециновиќ имало редница граѓани кои ги немало во избирачкиот список и чекале решенијата, но решенијата што им биле издадени се однесуваат на гласање во вториот круг. До МВР пристигнале 91 пријава, најмногу за агитирање Во Аеродром имало граѓани кои ги немало во избирачкиот список. Читать дальше...

ЗНМ - Осуда за односот на Даштевски кон новинарите, МВР да постапи по поплаките од онлајн медиумите

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната попладневна конференција за медиумите организирана од Државната изборна комисија, претседателот на ДИК Александар Даштевски имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон дел од новинарите во делот кога се обидуваше да одговара на новинарските прашања, соопшти Здружението на новинарите на Македонија. До МВР пристигнале 91 пријава, најмногу за агитирање Од ЗНМ посочуваат дека Даштевски пропуштил да даде конкретен одговор на новинарско прашање од страна на новинарка во врска со... Читать дальше...

Османи - Изборите се успешни, ДУИ победува во три општини уште во првиот круг

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес-конференција по завршувањето на гласањето за локалните избори истакна дека првично очекуваат победа во три општини уште во првиот круг. Тој рече дека голема предност неговата партија има и во речиси сите општини каде имаат кандидати. До МВР пристигнале 91 пријава, најмногу за агитирање „Според прелиминарните резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има предноста во сите... Читать дальше...

Во Варшава марш во знак на солидарност со мигрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници луѓе денеска маршираа во Варшава во знак на солидарност со мигрантите и барателите на азил. Маршот се одржа под мотото „Стоп за мачењето на границата“. Демонстрантите ги обвинија полските власти за сурово однесување поради потиснувањето на мигрантите и воведувањето на вонредна состојба на границата, со што се спречени борците за заштита на човековите права да им помогнат на мигрантите. Полскиот парламент итно гласаше за законот предложен од владата на премиерот Матеуш Моравиецки за... Читать дальше...

До МВР пристигнале 91 пријава, најмногу за агитирање

SlobodnaEvropa.mk 

Изборниот ден мина во мирна и демократска атмосфера, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по завршување на гласањето на локалните избори 2021. „МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес. До 19 часот се бележи вкупно намалување за 40 проценти на пријавени настани во споредба со изборите во јуни 2020. Така годинава се пријавени 91 настан, а 151 настан имало лани“, рече Спасовски на прес-конференција пред седиштето на МВР. Тој рече дека имало 42 случаи на агитирање... Читать дальше...



На едно гласачко место во Лабуништа ќе се гласа до 22 часот

SlobodnaEvropa.mk 

На едно избирачко место во струшкото село Лабуништа гласањето е продолжено за речиси три часа. Претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута информира дека ваквата одлука е донесена поради ненавремено почнување на изборниот процес утрово. „Фингерпринтовите“ го продолжија гласањето „Поради проблем со апаратите за отпечатоци, на едно избирачко место во Лабуништа гласањето почна подоцна и затоа сега се продолжува до околу 22 часот“, изјави Жута. Во Останатите 100 избирачки места гласањето, според него, е завршено во 19 часот.

До ОЈО пристигнале поголем број на пријави за изборни нерегуларности

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното обвинителство соопшти дека до 19:00 часот денеска пристигнале уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапувала Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности. Од ОЈО велат дека во основните јавни обвинителства и на објавената електронска адреса за пријавување сомненија за изборни нерегуларности, пристигнале поголем број поднесоци и пријави. „По извршените проверки, засега, само во мал дел од пријавените настани се... Читать дальше...

Заврши гласањето, почнува броењето

SlobodnaEvropa.mk 

Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните на Македонија денеска гласаа на локалните избори. Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжи половина час додека не гласаа граѓаните кои беа затекнати во објектите за гласање. Партиските раководства се во нивните штабови, каде ги чекаат резултатите од гласањето, кои се очекува да бидат објавени околу полноќ. „Фингерпринтовите“ го продолжија гласањето Претседателот на... Читать дальше...

Стоев поддржува формирање партија на Бугарите во С. Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев изјави дека ја поддржува идејата за евентуалното формирање партија на Бугарите во Северна Македонија. „Тоа е нивно право, бидејќи Уставот им го гарантира тоа право. Мислам дека тоа е вистинскиот пат по кој тие треба да ги штитат своите права заедно со бугарската држава“, изјави Стоев на 16-та Светска средба на бугарските медиуми, што се одржа во Рилскиот манастир, во организација на БТА. Македонско-бугарската историска комисија на нов... Читать дальше...

Затворени гласачките места во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Затворени се избирачките места во Косово. Право на глас имаат 1.885.448 граѓани кои гласаа за градоначалници и 1.002 советници во 38 општини. Бурим Ахмети од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) изјави дека се е подготвено за пребројување на гласовите. На изборите учествуваа 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати. За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа... Читать дальше...

Напад со бомба врз пункт на полицијата и царината на преминот Јариње во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Со бомба бил нападнат пункт на полицијата и царината на граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија, јави приштинската агенција Косовапрес. Според извори на агенцијата, бомбата била фрлена од српска територија. Освен оштетување на зградата, засега нема информации за повредени. Седми ден протести во северно Косово, надлетуваат српски воени авиони, војската ја зголеми борбената готовност Тензиите меѓу Косово и Србија се зголемија кон крајот на минатиот месец по одлуката на косовската влада... Читать дальше...

Излезноста до 18:30 часот е 50,04 проценти

SlobodnaEvropa.mk 

Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18:30 часот е 50,04 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија. Најголема излезност има во Македонски Брод 75,7 отсто, а најмала во Боговиње 31 отсто. „Фингерпринтовите“ го продолжија гласањето ДИК првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни... Читать дальше...

Најмалку 18 загинати во поплавите во Индија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 18 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од силните врнежи во јужната индиска држава Керала. Спасувачките денеска ги пронашле телата во двата најтешко погодени округа, Котајам и Идуки, каде што силните дождови предизвикаа свлечишта. Нов биланс – Во свлечиштата во Индија настрадаа 124 луѓе Националните сили за одговор на катастрофи и индиската армија испратија екипи да помогнат во спасувањето, зашто одреден број луѓе сè уште се водат за исчезнати. Телевизиските снимки од вчера... Читать дальше...

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон е отпуштен од болницата

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон е отпуштен од болницата во Калифорнија, откако минатата недела беше примен на лекување на уринарна инфекција. Седумдесет и петгодишната Клинтон излезе од Медицинскиот центар „Ирвин“ на Универзитетот во Калифорнија во придружба на неговата сопруга, Хилари Клинтон, која е поранешен државен секретар и кандидат за претседател на Демократската партија во 2016 година,. Клинтон дома ќе го продолжи третманот со антибиотици. Клинтон беше во Калифорнија... Читать дальше...

Сликање и кинење гласачки ливчиња и тепачка пред гласачко место

SlobodnaEvropa.mk 

МВР соопшти дека има пријави за низа прекршувања поврзани со изборите, а полицијата работи на расчистување. Во струшкото село Октиси биле пријавено дека човек го искинал и го фрлил гласачкото ливче. „Фингерпринтовите“ го продолжија гласањето Во битолското село Мажучиште еден човек го сликал гласачкото ливче. Во дворот на основното училиште Лирија во гостиварско Речане, каде што се наоѓа избирачкото место 528, имало тепачка меѓу две лица. Човек во Гостивар го сликал гласачкото ливче. ... Читать дальше...

„Фингерпринтовите“ го продолжија гласањето

SlobodnaEvropa.mk 

Апаратите за отпечатоци на прсти, кои за првпат се употребуваат на избори во земјава, го продолжија гласањето во оние избирачки места каде имало застој. По 19 може да гласаат они луѓе кои се затекнале на гласачкото место и оние кои чекаат во дворот пред местото каде што се гласа. Изборниот молк ќе трае се додека не се затвори и последното избирачко место. МВР има пријави, а Обвинителство отвора предмети за евентуални изборни нерегуларности.

Новости России
Москва

«Вечное. Живое. Личное»: персональная выставка Василия Вдовина в зале «Лаврушинский`15»


Даштевски - Изборниот молк ќе трае и по 19 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Изборниот молк ќе трае додека се одржува гласањето, и по 19 часот, додека не гласаат сите избирачи кои биле затекнати во избирачките места, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што информира Даштевски, до ДИК се стигнати информации дека на некои гласачки места не се гласа со употреба на апарати за отпечаток од прст. Така одлучиле членовите на избирачките одбори, што е незаконски. Во живо: Избори за локална власт 2021 „Добивме информации дека... Читать дальше...

Излезноста до 17 часот 41,39 отсто, пониска од претходните локални избори

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 17 часот е 41,39 отсто, што е за 7 процентни поени пониска од излезноста на минатите локални избори во 2017 година, кога до 17 часот на гласање излегле 48,95 проценти од запишаните избирачи. До 17 часот најголем одѕив имало во општината Новаци и изнесува 69,76 проценти, а најмала во Брвеница - 24,83 отсто.

Во Гевгелија, Валандово и Дојран до 17 часот излезноста на гласачи надмина 50 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Во општина Гевгелија, заклучно со 17 часот, според информацијата на ОИК, на избирачките места излегле 52,9 отсто од евидентираните граѓани со право на глас или 10.096 граѓани од вкупно 19.076 колку што се запишани во гласачкиот список. Граѓаните гласаат и покрај техничките проблеми и застои Претседателот на ОИК, Митко Ризов, истакна дека на избирачкото место 0345 гласањето после 19 часот ќе биде продолжено за еден час и 40 минути колку што утрово било прекинато поради проблеми со апаратот за отпечаток од прст. Читать дальше...

Тројца загинати во пад на хеликоптер во Германија

SlobodnaEvropa.mk 

Три лица денеска загинале во пад на хеликоптер во југозападна Германија, соопшти полицијата. Хеликоптерот се урнал попладнево во шумовит предел во близина на гратчето Бухен, објави новинската агенција ДПА. Авионска несреќа на Далечниот Исток на Русија Полицијата не соопшти повеќе информации за жртвите, од каде полетал хеликоптерот Робинсон Р44, како ни за можните причини за падот.

Обвинителство: Отворени предмети за евентуални изборни нерегуларности

SlobodnaEvropa.mk 

СВР Скопје, според насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, врши оперативни проверки по известување доставено од страна на Амбасадата на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел, како што се наведува, попречување на изборниот процес. До ЈО пристигнато известување за можно нарушување на изборниот... Читать дальше...

Граѓаните гласаат и покрај техничките проблеми и застои

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 17 часот е 41,39 отсто. Засега изборниот процес се оценува како мирен. На 11 места имало прекин повеќе од еден час поради технички проблеми со фингерпринтовите, а на 6 избирачки места се гласа на стариот начин, со спреј и УВ-ламба


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Бадоса из-за травмы снялась с матча против Соболенко и заплакала у сетки






МВД опубликовало видео опроса подозреваемого в убийстве байкера в Москве

Важная помощь бойцам, наступающим у Авдеевки и Артёмовска, от читателей «Русской Весны» (ВИДЕО)

Родители учеников проверили еду в школьных столовых в Истре

Специалисты проверили водоснабжение дома № 1 в мкр Финский Щелкова