ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 23.10.2021

Ердоган - Десет амбасадори, меѓу кои на САД, Германија и Франција, да се прогласат за „персона нон грата“

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека му наложил на Министерството за надворешни работи да прогласи 10 амбасадори за „персона нон грата“, вклучително и оние од САД, Германија и Франција, поради нивниот повик за ослободување на турскиот филантроп Осман Кавала. Во понеделникот, амбасадите на десет земји објавија соопштенија на социјалните медиуми, во кои побараа ослободување на Кавала, велејќи дека тековниот процес против него и неговото апсење фрла сенка врз демократијата и владеењето на правото во Турција. Читать дальше...

Нови 482 заразени со ковид, вкупно 17 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 482 нови слуачи на позитивни на ковид-19 од направени 4.151 тестирање, соопшти Министерство за здравство. Министерството информира и дека се одздравени 280 пациенти, а пријавени се 12 починати лица во изминативе 24 часа. Во Скопје се регистрирани 194 случаи, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5... Читать дальше...

Саудиска Арабија со план за нула штетни гасови до 2060

SlobodnaEvropa.mk 

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Саламан, денеска изјави дека имаат за цел да ја намалат емисијата на штетни гасови за да постигнат нула емисии до 2060 година. Саудиска Арабија е најголемиот извозник на нафта во светот. За да ја постигне целта Саудиска Арабија ќе се обиде годишно да намалува емисија на јаглерод за речиси 280 милиони тона, пренесува агенцијата Ројтерс, тоа е повеќе од дупло од сегашната емисија на 130 тона јагледор. Снимката со пораката на принцот е објавена... Читать дальше...

Истрага за наставникот што тепал ученик во скопско училиште

SlobodnaEvropa.mk 

Снимка на која се гледа како наставник удира ученик и потоа со двете раце го подигнува од земја па го спушта, се појави на социјалната мрежа „ТикТок“. На социјалната мрежа се наведува дека станува збор за настан во скопското основно училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел. Директорката на училиштето Ќамуран Реџа во изјава за медиуми вели дека за судбината на наставникот ќе реши дисциплинска комисија. Таа вели дека настанот го пријавила во полиција и дека нема да толерира насилство во училиштето. Од... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Димитриевски во Куманово, Заев за Тетово остава да одлучат гласачите

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите онаму каде што нема свои кандидати или кандидати за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои и претходно ги поддржуваше, ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта. „Ние нема да кажуваме во тие места дека гласовите ги имаме во џеб или се наша сопственост и нема да ги третираме граѓаните како да ги имаме кај себе, како што тоа го прави СДСМ, но воедно повикуваме слободоумно и отворено да излезат и да ги поддржат кандидатите на тие места кои искрено се борат против власта“... Читать дальше...

На Болдвин му било речено дека пиштолот е безбеден

SlobodnaEvropa.mk 

На актерот Алек Болдвин во раце му бил даден пиштол реквизит за кој му било речено дека е безбеден и дека во него нема вистински куршуми, што подоцна се покажа неточно и резултираше со смрт на директорката ан фотографија, а беше ранет режисерот, соопштува полицијата. Помошникот режисер кој му го дал пиштолот на Болдвин во раце, не знаел дека во него има вистински куршуми, пишува во извештајот на полицијата. Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“ ја усмрти директорката на фотографија Налина Хачинс... Читать дальше...

СДСМ ќе го поддржи Рамиз Мерко, Заев вели се поправил

SlobodnaEvropa.mk 

Во општините каде кандидатите на коалициските партнери на социјалдемократите ќе се соочат со кандидати од опозициските партии во вториот изборен круг, СДСМ ќе даде поддршка на тие од коалицијата, меѓу нив и на Рамиз Мерко во Струга, за кого партискиот лидер Зоран Заев претходно изјавуваше дека се „изгореле“ што го поддржале на изборите во 2017. „Во Струга даваме поддршка на Рамиз Мерко, во Кичево на Фатмир Дехари, во Гостивар на Невзат Бејта, во Чаир на Висар Ганиу и соодветно во другите општини. Читать дальше...

МНР ќе истражува дали преку дипломатска пошта се испраќале алкохол и цигари

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи издало насока на службите да ја прегледаат целата документација, да ги проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва со цел откривање на фактичката состојба, откако вчера порталот МКД.МК објави дека наместо дипломатска пошта во камиони се носеле цигари и пијалаци. „Според првичните информации добиени во изминативе два дена, не е најдена никаква трага во Министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба. Читать дальше...



Хрватските граѓани од денеска без визи во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватските граѓани од денеска може да патуваат во Соединетите Американски Држави без виза, соопшти Американската амбасада во Загреб. „Дојде и тој ден! Честитки за Хрватска за официјалното придружување на Програмата за исклучок од визи“, наведе амбасадата на официјалната страница на Фејсбук. Ова се однесува на туристички и бизнис-патувања во САД во траење до 90 дена. Ова е важен чекор во понатамошното зацврстување на економската и безбедноста соработка на двете земји, порачуваат од Американската амбасада. Читать дальше...

Се зголемува интересот за трета доза, вчера вакцинирани 4720 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472 се ревакцинирани, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356 а трета доза примиле 10.386 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Бројот на луѓе кои примаат трета доза се зголеми откако властите граѓаните кои се вакцинирани со „Синовак“ и „Синофарм“, да може да примат трета доза Фајзер три месеци по вакцинирањето. Читать дальше...

Виси победата во Кисела Вода и во Пласница во првиот круг од изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Во првиот круг од локалните избори одржани на 17 октомври официјално се избрани 32 градоначалници, а не 34 како што покажуваа првичните резултати, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница. Официјалните резултати покажуваат дека се избрани 21 градоначалник од редовите на ВМРО-ДМНЕ, девет од СДСМ и два од ДУИ. Првичните, пак, покажуваа дека се избрани 22 од ВМРО-ДПМНЕ, девет од СДСМ три од ДУИ. Во земјава се избираат градоначалници и Совети во 80 општини и Градот Скопје. Во првиот круг... Читать дальше...

Во Сирија убиен еден од водачите на Ал Каеда

SlobodnaEvropa.mk 

Еден од водечките луѓе на Ал Каеда, Абдул Хамид ал Матар е убиен на 22 октомври во напад со американско беспилотно летало во Сирија, изјави портпаролот на Централната команда на САД, Џон Ригзби. Според него убиството на ал-Матар ќе ја наруши способноста на терористичката организација да планира и да изврши глобални напади. „Немаме индиции за цивилни жртви како резултат на нападот со беспилотното летало од типот MQ-4C“, вели Ригзби. Нападот во северозападниот дел на земјата доаѓа два дена... Читать дальше...

Капчан - САД и ЕУ сакаат да го „вакцинираат“ Балканот против руско и кинеско влијание

SlobodnaEvropa.mk 

Сигналот што се испраќа е дека Соединетите Американски Држави (САД) го гледаат Балканот како приоритет вели во разговор за РСЕ, Чарлс Капчан, член на американскиот Совет за надворешни работи и професор на Универзитетот Џорџтаун. Тој вели дека американскиот претседател Џорџ Буш се грижи за регионот и со децении е ангажиран на тоа. Но Балканот не му е глобален приоритет, тука е на врв на листата од специфичните регионални приоритети, делумно затоа што регионот претставува незавршена работа за атлантската заедница, наведува тој. Читать дальше...

ЕУ воведува санкции кон Белорусија за проблемот со мигрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија поддржаа воведување на нови санкции кон Белорусија за да извршат притисок врз авторитарниот владетел Александар Лукашенко да го запре протокот на илегални мигранти кон земји од Унијата. Според ЕУ тоа што го прави Белорусија е хибриден напад. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа по самитот на лидерите на ЕУ рече дека блокот ќе го продолжи притисокот врз Лукашенко, обвинувајќи го за инструментализирање на миграцијата за да и се одмазди на Европската унија. Читать дальше...

ДИК ги соопштува официјалните резултати од првиот круг од изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница почна да ги соопштува официјалните резултати од првиот круг на локалните избори кои се одржаа на 17 октомври. Во земјава се избираат градоначалници и Совети во 80 општини и Градот Скопје. Прелиминарните резултати покажаа дека се избрани градоначалници во 34 општини, и тоа 22 од ВМРО-ДПМНЕ, 9 од СДСМ и тројца од ДУИ. Приговорите решени - ќе оди ли побрзо проверката на гласовите во вториот круг Во првиот круг се избираа сите Совети на општините. Читать дальше...

Русија предводи воени вежби на границата меѓу Таџикистан и Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Членките на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО) предводена од Русија започнаа уште една заедничка вежба за антитерористичка обука во Таџикистан во близина на границата со Авганистан. Вежбата која започна денеска (23 октомври) е подготовка за сценарио во кое колони возила носат милитанти преку граница од Авганистан во Таџикистан. Како дел од вежбата, два авиони „Аеро Л-39 Албатрос“ од советско време од воздухопловните сили на Таџикистан изведоа воздушно извидување над полигонот Карб-Мајдон... Читать дальше...

Временска прогноза – облачно и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 23 степени. Локални избори, еколошки теми и ветувања од денес за утре Во Скопје променливо облачно. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура се достигне 20 степени.

Македонија влегува во зимскиот бран на коронавирус со малку вакцинирани

SlobodnaEvropa.mk 

Зимскиот бран во Македонија веќе започна, но дневните бројки на новозаразени се уште бавно се искачуваат. Во земјава има околу 800 илјади вакцинирани, што е околу 40 отсто од населението. Во некои земји во ЕУ, вакцинирани се над 80 отсто од жителите и се укинуваат рестрикциите против ширењето на заразата.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Азаренко вышла в полуфинал турнира WTA-1000 в Майами






Пассажир не успел войти в поезд и разбил стекло вагона на станции «Киевская»

Захарова: главы СЕ опозорились, оставив без реакции теракт в «Крокусе»

Курс рубля на Московской бирже снизился к доллару, но вырос к евро

В Подмосковье госпитализировали с инсультом ведущего передачи "Такси" на ТНТ