Пендаровски- Ни треба гаранција и од Брисел дека впишувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последно барање од Софија
Ние мораме да имаме некаква гаранција од Бугарија, уште подобро и од Брисел и целата Европска Унија, дека прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, ќе биде последното барање на Софија. Ова вечерва го изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за телевизијата Канал 5. Тој додаде дека до овој момент нема таков позитивен сигнал од бугарска страна. Шефот на државата истакна дека доколку Бугарија се обврзе дека нема да бара ништо дополнително околу тоа прашање, тогаш ќе се добијат двојни гаранции. Читать дальше...