ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 07.05.2022

Талибанците во Авганистан одлучија жените да го покриваат лицето во јавност

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанските власти во Авганистан одлучија жените да мора да ги покриваат лицата на јавно место во таа земја, според указот на врховниот лидер на групата Хибатула Ахунџада. Ројтерс пишува дека одлуката води кон ескалација на растечките ограничувања за жените во јавноста, кои се осудени и од меѓународната заедница и од многу Авганистанци. Неименуван портпарол на Министерството за пропаганда на доблести и спречување на пороците го прочита указот на талибанскиот лидер на прес-конференција во Кабул. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот без писмени гаранции за тргнување на бугарското вето

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промените во македонскиот Устав барани од Бугарија, бидејќи немаме никаква гаранција дека со тоа се затвораат сите отворени прашања меѓу двете земји, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Коментирајќи ги најавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека можеби Бугарија ќе го тргне ветото до јуни, тој рече дека смета оти преговорите со Европската унија нема да почнат се додека не ја испочитуваме целокупната преговарачка рамка. „Во таа... Читать дальше...

Северна Кореја лансираше нов проектил

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја истрела проектил во морето, а се работи најверојатно за балистичка ракета, соопштено е во Јужна Кореја и Јапонија. Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека ракетата била лансирана од водите во близина на источниот пристанишен град Синпоа, каде Северна Кореја има големо бродоградилиште за изградба на подморници. Според Генералштабот, проектилот со краток дострел прелетал 600 километри на максимална надморска височина од 60 километри. Во соопштението се вели дека јужнокорејските... Читать дальше...

На Криволак почнува најголемата воена вежба во земјава

SlobodnaEvropa.mk 

Со околу 4.600 војници од осум држави – Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција од денеска на армискиот полигон Криволак започнува „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што се реализира во земјава. Македонската Aрмија може да се носи со обврските од НАТО Министерката за одбрана Славјанка Петровска изрази убедување дека припадниците на македонската Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат. „Целта на оваа вежба има два аспекта. Читать дальше...

Османи: Многу ги зближивме позициите со Бугарија, ќе биде штета ако не се успее

SlobodnaEvropa.mk 

Можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, затоа што понатаму Владата ќе има се помалку и се поразредена политичка енергија, но и целото општество да се посвети на едно прашање кое што троши и политичка енергија, но се разбира ги троши и граѓаните во овие континуирани циклуси на надежи и на фрустрации, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција. Министерот смета дека се должни да не ги изложат граѓаните на такви... Читать дальше...

Најмалку 22 мртви по големата експлозија во хотел во Хавана

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од 60 се хоспитализирани откако голема експлозија потресе еден од најекслузивните кубански хотели со пет ѕвезди. Се верува дека цистерна со гас паркирана пред хотелот Саратога во Стара Хавана се запалила, предизвикувајќи експлозија која уништила неколку ката од зградата. Историскиот хотел требаше повторно да биде отворен по пандемија за четири дена. Се уште трае операцијата за пребарување и спасување за лоцирање на луѓето затрупани под урнатините. Кубанското... Читать дальше...

Обвинети тројца лекари од Струга, се теретат за тешки дела против здравјето на луѓето

SlobodnaEvropa.mk 

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер,  второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа ... Читать дальше...

Кинескиот ќар од Западен Балкан: Економија, политика или и двете?

SlobodnaEvropa.mk 

Кредитната и инвестициската стратегија на Кина, и особено т.н. развојна помош, се една од алатките за исполнување на дипломатските, геополитичките и економските интереси на Кина. Колку и како работат тие кинески „алати“ во Западен Балкан и во Македонија?

Времето денеска сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 23 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Теннисистка Касаткина выразила сожаление, что у нее нет коннекта с Шараповой






Ventra Go: самозанятые предпенсионеры в России работают на 16% больше молодежи

Рябков: Недопуск россиян на рейсы из Турции в Мексику связан с давлением США

Лучшие пожарные Свердловской области работают в Артемовском

Постпред США в ООН хотела переложить вину за разжигание ядерной войны на РФ