ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 16.05.2022

Српскиот министер за дојавите за бомби: Против Србија се води специјална војна

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, за бројните дојави за бомби изјави дека „суштинската цел на сите овие напади е Србија да престане да води независна политика и да носи одлуки под притисок и во страв“. Повеќе јавни објекти во Белград беа цел на лажни извештаи за бомби во последните месеци. Пријави се евидентирани и денеска. Во соопштението на Министерството се наведува дека заканите пристигнале „од различни адреси од повеќе европски земји, на адреси на институции, весници и фирми“. Читать дальше...

Одложено предавањето на Љубчо Георгиевски во Софија по упад на поддржувачи на ВМРО-БНД

SlobodnaEvropa.mk 

По упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи било одложено денешното предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Георгиевски требало да зборува за бугарско-македонските односи. И неговата посета на Софија била на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна. Дечев најави формирање бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“ Како што изјави Георгиевски... Читать дальше...

Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за канонскo единство со МПЦ

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката на Српската православна црква да го обнови канонското општење со МПЦ-ОА беше поздравено од страна на Руската православна црква. Како што изјави Николај Балашов од Московската патријаршија, ова претставува „надминување на полувековниот црковен раскол“. Светиот архиерејски Синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Синодот... Читать дальше...

Ќе се воведуваат блок тарифи за домаќинствата според потрошувачката на струја

SlobodnaEvropa.mk 

Во моментов се работи на најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија која е во завршна фаза, информирање денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. Тој најави дека ќе се воведуваат блок тарифи, за што се прават последните анализи со Електротехничкиот и Машинскиот факултет. Така оние домаќинства што повеќе трошат ќе плаќаат поскапа цена на електричната енергија. „За евтина тарифа потрошувачката ќе биде неограничена и нема да постојат блокови... Читать дальше...

Сали: Предмет на дискусија се три локации за новиот Клинички центар

SlobodnaEvropa.mk 

Три локации се во игра за изградба на новиот Клинички центар истакна денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој посочи дека локацијата засега се уште останува Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има веќе постоечка болница со надградување и проширување на дејноста. „Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Од првата недела кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на... Читать дальше...

Синодот на СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА

SlobodnaEvropa.mk 

Светиот архиерејски Синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Синодот на СПЦ е највисокото црковно тело, составено од сите старешини на таа црква. Според соопштението на СПЦ, со ова се воспоставува заеднички литургиски и канонски дијалог, бидејќи се отстранети причините за нивното прекинување предизвикани од едностраното прогласување на автокефалност во 1967 година. Читать дальше...

СДСМ во „немилост“ на ДУИ за да нема предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Однесувањето на министерот Бектеши и на собранискиот спикер Џафери помина без став од СДСМ и покрај постојаните реакции од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста. Аналитичарите Божиновски и Незири сметаат дека СДСМ не сака да ги нарушува односите со ДУИ за да нема избори, но, тоа партијата ќе ја чини гласови.

ВМРО-ДПМНЕ најавува потврди мерки и кандидати Албанци за пратеници

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку дена по активната блокада на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ осмислува следни чекори на делување. Мицкоски најави дека на нивните листи на пратеници ќе има и кандидати Албанци. Но аналитичарите велат дека поради наративот кој го имаат, ним ќе им биде потешко да направат „албанска автентична“ понуда



Финска и Шведска во НАТО - вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Влијание се остварува преку, економија, култура а не со тенкови - гласи еден од вашите коментари на Фејсбук страницата на Слободна Европа по повод најавениот влез на Финска и Шведска во НАТО на што се противи Русија

Литванија: ЕУ е „заложник“ на една земја членка за ембаргото на руската нафта

SlobodnaEvropa.mk 

Плановите на Европската унија да воведе ембарго на руската нафта беа блокирани од само една од 27-те членки на блокот, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис. „Целата Унија е заложник на една земја-членка. Мора да се согласиме, не можеме да бидеме како заложници“, рече Ландсбергис при пристигнувањето на средбата со неговите колеги. ЕУ сè уште нема договор за нафтени санкции кон Русија Дипломатите на ЕУ, цитирани од Ројтерс, велат дека земјата на која мисли Ландсбергис е Унгарија. Читать дальше...

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за „следните чекори“ со блокадата

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за денеска најави седница на Извршниот комитет за следните чекори на оваа партија по блокадата на работата на македонскиот парламент. „Ова е стратегија што многу ќе трае. Нема да биде инстант акција која што ќе заврши денеска или утре“, изјави Мицкоски при посетата на Општина Кисела Вода, додавајќи дека конечна цел е утврдување датум за предвремени парламентарни избори. Некултура и неред во Собранието кое стана арена за тесно-партиски битки Тој рече дека... Читать дальше...

Се очекува став на СПЦ за разговорите со МПЦ-ОА

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Белград треба да се одржи седница на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Годишната седница на Соборот на СПЦ редовно се одржува во мај и на неа присуствуваат владици од Србија и странство. На Соборот се одлучува со мнозинство гласови, а гласот на патријархот е пресуден само кога тој однос е изедначен, но добива на тежина со неговиот личен авторитет. Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала локална облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 30 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Хромачёва и Бабош выиграли турнир WTA в Руане в парном разряде






Места для пикников оборудовали в парках Подмосковья

Глава Люберец провел оперативное совещание

Соотечественники в Аргентине обсудили работу с молодёжью и вопросы преподавания русского языка

Калуга вошла в пятёрку городов с самым высоким качеством жизни