ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 17.05.2022

СОНК и МОН се договорија за 15 проценти повисоки плати во образованието

SlobodnaEvropa.mk 

Платите на просветните работници во средното и основното образование ќе пораснат за 15 проценти од септември. Ова е договорот кој вечерва го постигнаа Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука. По денешната средба тие соопштија дека нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот и дека истите работи ќе важат и за вработените во градинките. На средбата, што се одржа во Министерството за образование и наука, се допрецизирани и колективните... Читать дальше...

Четворица новинари на РСЕ нападнати по антивладините протести во Таџикистан

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца новинари на таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа беа нападнати денеска од непознати напаѓачи откако интервјуирале активист обвинет за организирање на протестен марш во немирниот регион Горно-Бадакшан во Таџикистан. Возилото на новинарите било блокирано од друг автомобил во главниот град на Таџикистан, Душанбе, при што неколку мажи им се заканиле и ги извлекле од возилото новинарите Мулораџаб Јусуфи и Барот Јусуфи по што ги нападнале физички. За време на нападот им биле одземени телефоните и новинарската опрема. Читать дальше...

Османи ќе ја предводи владината делегација во Вашингтон

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот Стратешки дијалог со САД ќе го координира министерот за надворешни работи Бујар Османи, одлучи денеска владата на 45 седница. Во соопштението од владината прес служба е наведено дека Османи на 2 јуни ќе ја предводи владината делегација на отворањето на процесот во Вашингтон во чиј состав ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Стратешки дијалог со САД за подобра економија... Читать дальше...

ЕПИ предупредува: Со нацрт- резолуцијата што ќе се разгледува во ЕП се одобрува бугарското вето

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот Институт за европска политика предупредува на неколку спорни точки од нацрт- резолуцијата за Извештајот на Eвропската комисија за Северна Македонија за 2021 година која наскоро ќе треба да биде изгласана во Европскиот парламент. Во нивното отворено писмо до пратениците на ЕП е наведено дека го поздравуваат фактот што повторно се препорачува почеток на пристапни преговори за Северна Македонија со ЕУ. Но, во предлогот се наведени содржи кои во целост ја поткопуваат таа позиција. Во писмото... Читать дальше...

Македонски фестивал во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот фестивал што се одржа од 13 до 15 мај во турскиот град Маниса е од големо значење за македонските иселеници во Турција. Настапите на фолклорните групи и познати интерпретароти на народната македонска музика од иселениците беа бурно поздравени, јавува дописникот на РСЕ Кенан Мимидиновски.  Претседателот на македонското здружение „Мак- гоч“, со седиште во Маниса Џевдет Џумерт, инаку роден во селото Жировница општина Маврово Ростуше . изјави дека е очекува овој фестивал да стане традиционален. Читать дальше...

Свештеници од МПЦ и СПЦ на заедничка литургија за „помирување“ во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Соборот на Српската православна црква денеска соопшти дека на 19 мај во четврток, во Белград ќе се случи првата литургија на сослужување со МПЦ. Ќе учествуват сите владици на МПЦ-ОА и Археископот Стефан, со сите владици на СПЦ, со Патријархот Порфириј. Во соопштението објавено на веб страната на СПЦ оваа литургија е наречена „помирување“. Претходно Светиот архиерејски Синод на Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност... Читать дальше...

Полицијата во Ереван приведе над 400 луѓе на антивладините протести

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменската полиција уапси повеќе од 400 луѓе во Ереван додека демонстрантите ги блокираа улиците на 17 мај за време на демонстрациите предводени од опозицијата за да го принудат премиерот Никол Пашинијан да ја напушти функцијата. Групи демонстранти почнаа да ги блокираат улиците во обид да го попречат сообраќајот и да го засилат притисокот врз владата на Пашинијан. Опозициските лидери тврдат дека демонстрантите блокирале повеќе од 50 улици во различни делови на главниот град. Полицијата се... Читать дальше...

Тренчевска очекува договор со СОНК до петок

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот за образование наука и култура  ги приближуваат ставовите и очекуваат дијалогот да продолжи и неделава. Министерката Јованка Тренчевска вели дека очекува оти до четврток или петок веќе може да има договор. „Имавме конструктивна дискусија со претставниците на СОНК. Социјалниот дијалог продолжува. Блиску сме до конечно решение“ изјави Тренчевска по денешната средба со претседателот на СОНК Јаким Неделков.  Таа посочи дека на денешната средба... Читать дальше...



Белоруската полиција приведе издавач по отворање на нова книжарница

SlobodnaEvropa.mk 

Белоруската полиција го приведе директорот на издавачка куќа, Андреј Јанушкевич, и неговата соработничка, Наста Карнацкаја еден ден откако отворија книжарница во главниот град Минск. Јанушкевич и Карнацкаја беа приведени вчера веднаш по посетата на познатите про-владини пропагандисти новинари Рихор Азаронак и Људмила Хладкаја со кои влегле во вербална расправија. Според очевидци расправијата ја започнале Азаронак и Хладкаја кои ги нападнале вработените во книжарницата за продажба на книги на белоруски... Читать дальше...

83 ковид инфекции, нема починати во изминатите 24 часа

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 83 нови случаи на коронавирус, од кои 13 реинфекции, а нема пријавени починати лица во тој период. Направени биле 1.430 тестови, информира Министерството за здравство. Истовремено, оздравени се 79 пацеинти. Согласно регистарот Мој термин, се пријавени 2 починати лица во период од 28 април до 15 мај, од кои едно во домашни услови и едно лице во болнички услови Од 83 новозаразени, во Скопје се 45, во Битола 8,, Ресен 4, Куманово и Гостивар по 3... Комисијата... Читать дальше...

Почина новинарот Марко Илковски

SlobodnaEvropa.mk 

Долгогодишниот новинар во Македонското радио Марко Илковски почина на 75-годишна возраст. Тој целата новинарска кариера ја помина во Македонското радио, каде работеше на документарни емисии и програми посветени на дијаспората. Тој исто така ги покриваше настаните за Македонската православна црква, како и други настани во општеството, како што објави и Македонското радио. Марко Илковски беше доајен на македонското новинарство, кој целиот животен век го помина во Македонското радио. Посмртните... Читать дальше...

Уапсени три лица за „трговија со дете“ - Родители ја продавале ќерката на Белгиец

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против три лица осомничени за кривично дело „трговија со дете“, од кои еден е државјанин на Белгија, соопшти државното Јавно обвинителство. Останатите двајца осомничени (Е.А.) и (Ф.Б.) биле родители на детето и со Белгиецот (Л.Д.С.) од февруари до мај оваа година се договориле да склучат присилен брак со нивната малолетна ќерка со неполни 14 години, а како што соопшти МВР, Белгиецот имал намера да го однесе... Читать дальше...

Канонското единство со СПЦ чекор напред или назад кон автокефалност на МПЦ?

SlobodnaEvropa.mk 

Веста дека Српската православна црква (СПЦ) ја враќа Македонската православна црква (МПЦ-ОА) во канонско единство е добар знак, вели професорот по социологија на религии Зоран Матевски. Сепак додава дека проблемот е повеќеслоен и не може да се очекува прогласување на автокефалност преку ноќ. Но, според поранешниот дипломат Драган Јањатов ова всушност е вазален статус.

Обвинителство отвори истрага против градоначалникот на Петровец

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното Обвинителство отвори истрага против градоначалник Борче Митевски и неговиот брат под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари. Градоначалникот за РСЕ вели дека „се е чисто“.

Северна Кореја пријави уште 270.000 случаи на треска

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја пријави уште над 269 илјади случаи на симптоми на треска и уште шест смртни случаи, објавија денеска државните медиуми во време кога земјата се соочува со ширење на епидемија на недијагностициран Ковид-19 меѓу невакцинираното население. Според севернокорејскиот штаб за борба против вирусот, 56 луѓе починале, а повеќе од 1,48 милиони се разболеле поради брзото ширење на треската во земјата од крајот на април. Ким Џонг Ун - Појавата на КОВИД-19 во Северна Кореја е „голема катастрофа“... Читать дальше...

Стотици приведени на антивладини протести во Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменската полиција уапси стотици демонстранти кои се обидоа да ги блокираат улиците во Ереван, додека протестите предводени од опозицијата продолжуваат во обид да го принудат премиерот Никол Пашинијан да ја напушти функцијата. Протестите организирани од страна на опозицијата се одржуваат од 17 април и ја повикаа јавноста да изврши акти на граѓанска непослушност, обвинувајќи го Пашинијан за, како што велат, неприфатливи отстапки направени за време на преговорите со Азербејџан за спорниот регион Нагорно-Карабах. Читать дальше...

Нова средба на СОНК со министерствата, се очекува да биде постигнат договор

SlobodnaEvropa.mk 

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска соопшти дека во 13:30 часот ќе одржи средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика во рамки на преговарачкиот процес со медијација. Потоа во 16 часот се очекува средба да биде одржана и со Министерството за образование и наука. Страните преговараат за колективните договори во основно и средно образование, а на минатите средби деше разговарано и за формирање на работна група за нов колективен договор за предучилишните установи. Читать дальше...

Како да се препознае новиот хепатит кај децата

SlobodnaEvropa.mk 

Македонските здравствени власти внимателно ја следат состојбата со новиот тип на хепатит кој се појави кај деца во повеќе земји низ светот, а кој предизвикува и потешки компликации на црниот дроб. Кај нас досега нема потврдено ваков случај. Светските научници и натаму ги истражуваат причините.

Комисијата за заразни болести ќе прави симулација за можен петти ковид бран

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести ќе прави симулација на можна појава на петти бран инфекции од коронавирусот, соопшти министерот за здравство Беким Сали. Тој вели дека состојбата со Ковид-19 во државата е стабилна и дека надлежните сметаат оти постојните ковид мерки треба да останат, иако 99 отсто од нив се укинати, а дека во моментов се планира третманот на постковид пациентитите. „Состојбата е стабилна и линеарна. Секој ден добиваме исти бројки, така што засега е мирно и немаме некој аларм што се најавува за во иднина“, вели Сали. Читать дальше...

Новости России
Москва

Архитектурные доминанты округов Москвы


Д-р Андоновски: Не треба да се паничи, но на штрек за новиот хепатит кај децата

SlobodnaEvropa.mk 

Што се знае досега за новиот тип на хепатит кој ја напаѓа детската популација? Светската наука се уште ги истражува причините. Состојбата ја следат и домашните здравствени експерти. Кои се симптомите? Има ли простор за паника. На овие прашања одговара д-р Ангелчо Андоновски.

САД укинаа низа рестрикции кон Куба

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент денеска објави укинување на низа рестрикции поврзани со Куба, кои се однесуваат на процедурите за имиграција, трансфер на пари и воздушните врски. Администрацијата на претседателот Џо Бајден по неколкугодишен прекин повторно ќе ја воспостави програмата со која се олеснуваат процедурите за имиграција за членовите на исто семејство, се укинува на досегашното ограничување на трансферот на пари во Куба и се зголемува бројот на летови меѓу САД и Куба. Оваа најава е резултат... Читать дальше...

Пенсилванија, Северна Каролина одржуваат клучни избори за Сенатот на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Пенсилванија и Северна Каролина се местата на клучните републикански и демократски прелиминарни избори кои ќе ја постават сцената за ноемвриските избори кои ќе помогнат да се одреди контролата врз Сенатот и Претставничкиот дом на САД во следните две години. Некои од најголемите пресметки се во Пенсилванија, каде што републиканското поле го вклучува ТВ-лекторот д-р Мехмет Оз, поддржан од Доналд Трамп, против поранешниот финансиски извршен директор Дејвид Мекормик, а демократското поле го вклучува... Читать дальше...

Шпанија прва во Европа која воведува менструално боледување

SlobodnaEvropa.mk 

Шпанската влада денеска се очекува да го одобри предлогот за измена на законот со кој се предвидува менструално боледување од три до пет дена во месецот. Со тоа таа ќе стане првата земја во Европа што ќе им дозволи на жените со силни менструални болки да не доаѓаат на работа. Извори од владејачката коалиција на шпанската Социјалистичка работничка партија рекоа дека очекуваат законот да биде одобрен по постигнатиот договор меѓу Министерството за еднаквост кое ја иницира реформата и Министерството за социјално осигурување. Читать дальше...

Британија еднострано ќе го менува договорот за Брегзит околу Северна Ирска

SlobodnaEvropa.mk 

Британската влада се очекува денеска да ги претстави планираните закони кои ќе ѝ овозможат на Британија да промени делови од договорот за Брегзит. Посматрачите проценуваат дека ќе бидат потребни месеци за да се усвојат таквите закони, но едностраниот потег на Лондон ќе ја налути ЕУ, која ќе возврати со правни потези и потенцијални трговски санкции. ЕУ е најголемиот економски партнер на Британија. Британскиот премиер Борис Џонсон вчера уште еднаш се закани со еднострано менување на договорот за Брегзит со Европската унија... Читать дальше...

Концертот „Слобода“ - големо финале на сезоната „Филхармонија во движење“

SlobodnaEvropa.mk 

Со изведбата на вокално инструменталното дело „Реквием за војната“ од Бенџамин Бритн, в четврток на 19 мај во 20 часот, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, Филхармонија ја завршува официјалната програма од актуелната сезона „Во движење“. Диригент ќе биде маестро Бенџамин Шварц.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Хачанов: хочу вернуться в топ-10 ATP






В Подмосковье госпитализировали с инсультом ведущего передачи "Такси" на ТНТ

У беглого челябинского олигарха Юревича государство забирает империю "Макфа"

Пассажир не успел войти в поезд и разбил стекло вагона на станции «Киевская»

Представители региональных СМИ встретились на выставке «Россия» с курскими журналистами, работающими в Москве