ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 18.05.2022

Еврокомесарот Рејндерс: ЕУ до крајот на јуни да ги почне преговорите со С.Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот Дидие Рејндерс кој го заменуваше Оливер Вархеји во Европскиот Парламент денеска повика преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство на 30 јуни. „Земјите членки на ЕУ донесоа одлука во март 2020 да ги отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, сега е време да се испорача и официјално да се отворат со двете земји пред крајот на француското претседателство, изјави еврокомесарот по воведот на известувачот за Северна Македонија... Читать дальше...

Ковачевски-Макрон: Нема време за губење за членството на С.Македонија во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски со францускиот претседател Емануел Макрон за време на нивниот телефонски разговор се согласиле дека нема време за губење и потенцирале дека натамошното одложување на почетокот на преговорите за членство на С.Македонија во ЕУ може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот, соопшти денеска владината прес-служба. Со тоа прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан, нагласиле двајцата лидери, го прави сериозно безбедносно прашање. Читать дальше...

Грција го укинува носењето маски во затворен простор

SlobodnaEvropa.mk 

Грција денеска соопшти дека од 1 јуни ќе го укине задолжителното носење маски во авиони и затворени јавни места,откако ги укина ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на Ковид-19 пред летото за време на туристичката сезона. Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија овој месец дека маските за лице нема да мора да се носат на аеродромите и на летовите во Европа од 16 мај. Се укинува европскиот сертификат за влез во Грција од 1 мај Но... Читать дальше...

Зошто Турција е претпазлива за кандидатурите на нордиските држави за НАТО?

SlobodnaEvropa.mk 

Турција најави вето за влезот на Шведска и Финска во НАТО. Сега се смета дека владата на Ердоган ќе ги искористи двете кандидатури како потпора за барање отстапки и гаранции од нејзините сојузници. (Асошиетед Прес)

Нови 96 случаи на ковид, нема починати лица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 13 се реинфекции. Оздравени се 88 пациенти, а не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица. Комисијата за заразни болести ќе прави симулација за можен петти ковид бран Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на Ковид-19. Читать дальше...

Тимотеј - СПЦ до крајот на мај очекуваме да испрати предлог за автокефалност на МПЦ-ОА

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Синодот на МПО-ОА и митрополит на Дебарско-кичевската епархија, Владиката Тимотеј, по денешната седница изјави дека се надеваат и очекуваат до крајот на месецов Српската православна црква (СПЦ) да го испрати до Влеленската Патријаршија предлоот за автокефален статус на МПЦ-ОА. Тој рече дека било која црква за која се прави предлог да добие автокефалност треба да исполнува 9 или 10 точки и дека очекуваат СПЦ да предложи до Влеленската Патријаршија доделување на автокефален статус на МПЦ-ОА... Читать дальше...

Хаг - Ветерани на ОВК добија по 4,5 години затвор за заплашување сведоци

SlobodnaEvropa.mk 

Специјализираните совети за Косово во Хаг денеска го осудија лидерот на Здружението на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хисни Гучати на четири и пол години затвор и парична казна од 100 евра, а иста казна доби и Насим Харадинај. Обвинителството за двајцата побара шест години затвор. Гучати и Харадинај се прогласени за виновни за кривични дела против правосудството, односно за попречување на службени лица во вршење на службената должност, заплашување на сведоци и повреда на тајноста на постапката. Читать дальше...

Засега нема прифатлив документ за Скопје и Софија, со Белград односите на високо ниво

SlobodnaEvropa.mk 

Во овој момент не постои документ кој е заеднички прифатлив за Скопје и Софија и кој може да биде основа за решение на проблемот, вели премиерот Димитар Ковачевски. Српската премиерка Ана Брнабиќ пак не сака да го коментира последниот потег на СПЦ за одобрување канонско единство со МПЦ



Пендаровски до Вартоломеј - Целосното заокружување на автокефалноста на МПЦ-ОА е од врвен национален интерес

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска испрати писмо до Архиепископот Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх Вартоломеј во однос на признавањето на каноничноста на Охридската Архиепископија од страна на Вселенската Патријаршија. Пендаровски во писмото оценува дека со примањето на МПЦ-ОА во канонско единство и во евхаристиско општење, била исправена „историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници.“ „Вие ја исправате историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници... Читать дальше...

Oпштина Центар се уште без одлука дали ќе го поништи одобрението за градба на Маркеза на Водно

SlobodnaEvropa.mk 

Законскиот рок од 30 дена за општина Центар да се изјасни по барањето за поништување на дозволата за градба на фирмата „Маркеза“ е поминат. Адвокатката на жителите на Водно, Јошевска Анастасовска вели дека општината може рокот да го продолжи на 30 дена, но за такво нешто не се известени.

Климатските промени ги зголемуваат шансите за рекордни температури во Индија и Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Шансите за рекорден топлотен бран во северозападна Индија и Пакистан се зголемени за над 100 пати поради климатските промени, се вели во студијата на „Met Office“ - национална метеоролошка служба на Обединетото Кралство. Регионот сега треба да очекува топлотен бран кој ќе ги надмене рекордните температури забележани во 2010 година. Без климатските промени, таквите екстремни температури би се случиле само еднаш во 312 години, велат од Метеоролошката служба. Синоптичарите велат дека температурите... Читать дальше...

Следните чекори до влезот на Финска и Шведска во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Финска и Шведска денеска во Брисел официјално поднесоа барање за приклучување кон НАТО со што започна пристапниот процес кој се очекува да трае неколку недели, секако доколку го убедат турскиот претседател Ердоган да го отстрани противењето тие да бидат членки на најголемиот воен сојуз во светот.

Висок пакистански генерал ги предводи разговорите со забранетата ТТП во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Висок генерал на пакистанската армија ги надгледува преговорите меѓу Исламабад и забранетиот тврдокорен Техрик-е талибан Пакистан (ТТП), изјави за Радио Слободна Европа официјален претставник кој побара анонимност. Пакистанскиот претставник потврди дека генерал-полковник Фаиз Хамед - офицер задолжен за сите пакистански трупи во северозападната провинција Кибер Паштунхва, ја предводи пакистанската делегација во разговорите со лидерите на ТТП во главниот град на Авганистан, Кабул. Официјалниот... Читать дальше...

Вардар како „главна“ канализација на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Реката Вардар е претворена во депонија во која се слева целата скопска канализација. Од ЦЈЗ-Скопје предупредуваат на потенцијалната опасност од користење на загадените води за наводнување. Вардар во скопско не смее да се користи ниту за капење, ниту за полевање.

ЕУ појаснува како компаниите можат легално да плаќаат за рускиот гас

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија денеска ќе го претстави вториот дел од својот план за зајакнување на енергетската безбедност на Европската унија, како и ажурирано упатство како компаниите од ЕУ ќе можат да плаќаат за рускиот гас без да ги прекршат санкциите на Унијата против Русија. Комисијата во минатиот месец им кажа на земјите дека европските компании можеби ќе можат да плаќаат за рускиот гас, но само ако почитуваат одредени услови, откако Русија побара од странските купувачи да почнат да плаќаат за гас во... Читать дальше...

Светска метеоролошка организација: температурите ќе продолжат да растат

SlobodnaEvropa.mk 

Половични се шансите годишната просечна глобална температура привремено да достигне 1,5 °C над прединдустриското ниво во најмалку една од следните пет години - а веројатноста се зголемува со текот на времето, според новото ажурирање на климата издадено од Светската метеоролошка организација (СМО). Во документот се наведува дека постои 93 процентна веројатност најмалку една година помеѓу 2022-2026 година да стане најтоплата досега и да ја отфрли 2016 година од првото рангирање. Шансите петгодишниот... Читать дальше...

Петте творечки децении на Ниче Василев - сликарот на човечката присутност

SlobodnaEvropa.mk 

„50 години сликарство“ е насловена ретроспективно-монографската изложба на македонскиот уметник Ниче Василев, што од вечерва 17 мај и во наредниот месец се одржува во Галеријата на Завод и музеј Струмица. Поставката и објавата се проекти на Здружението за култура „Транзен“.

Српската премиерка Брнабиќ во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска ќе ја посети Македонија. Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски. По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“.

Времето денеска: променливо облачно со локални врнежи

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои наместа во јужните делови ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец со брзина и над 60 км/час. Дневната температура ќе биде од 16 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 24 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Виктория Азаренко вышла в полуфинал турнира WTA-1000 в Майами






Собянин рассказал о строительстве станции "Корниловская" Троицкой линии метро

Мерзкие, вылезли питаться. Снежных блох заметили в Подмосковье

Более 50 работ представят на творческой выставке участников «Активного долголетия» в Химках

В Брянске арестован студент из Таджикистана за пропаганду терроризма