ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 20.05.2022

Владата го усвои ребалансот на буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. „Предложените измени и дополнувања, со кратења на непродуктивните трошоци во име на солидаризирање со последиците од актуелната криза, соопштија денеска од владината прес-служба, ќе овозможи поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и оптимизирање на трошоците на позајмување... Читать дальше...

Петков го повика Радев да свика Совет за национална безбедност за преговорите со Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Петков рече дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и усогласено со коалицискиот договор на владејачката коалиција во земјата. Петков рече дека во Консултативниот совет за национална безбедност учествуваат сите партии, сите служби и претседателскиот... Читать дальше...

Петков: Премиерот не носи сам одлуки, ако има договор со Скопје прво МНР ќе ја извести Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска порача дека за да има решение на спорот со Северна Македонија, прво треба да се поминат неколку филтри во Бугарија, како што се Министерството за надворешни работи, владата, коалициските партнери и парламентот.  За тоа дали презел чекори за давање „зелено светло“ за Северна Македонија рече дека тој самостојно не може да одлучува.  „Ако има договор со Северна Македонија, Министерството за надворешни работи треба да ја извести Владата, Коалицискиот совет и Парламентот да одлучи. Читать дальше...

Нови 86 случаи со Ковид-19 и 87 оздравени пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи со ковид-19 и 87 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни 18 се реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г), кое починало на 29.04.2022 година во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Комисијата за заразни болести... Читать дальше...

Русија во сабота ја запира испораката на гас за Финска

SlobodnaEvropa.mk 

Руски Гаспром ја извести Финска дека од сабота наутро на 21 мај ќе и ја прекине испораката на природен гас, објави во денеска финската државна компанија за големопродажба на гас Гасум. Гасум одби да му плати на Гаспром во рубли, што Русија го бараше од европските земји. „Многу е жално што испораките на природен гас според нашиот договор за снабдување сега ќе бидат суспендирани“, рече извршниот директор на Гасум, Мика Виланен. Од 2024 година Германија ќе увезува течен гас од Катар  „Сепак... Читать дальше...

Девет години затвор за Груевски во случајот „ТНТ“, Јанакиески осуден на три

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер Никола Груевски доби девет години затвор по денешната пресуда во случајот ТНТ, кој се однесува на рушењето на објектот „Космос“ во 2011 година. Судот исто така одреди три години затвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и четири години за поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски.  Случајот ТНТ се однесува на уривањето на објектот Космос на бизнисменот Фиат Цановски. Во случајот четири години затвор доби и тогашната градежна инспекторка Елизабета Најдовска... Читать дальше...

За СДСМ компромисни, за ВМРО-ДПМНЕ контровезни амандманите за Бугарија во ЕП

SlobodnaEvropa.mk 

За СДСМ во резолуцијата има неколку амандмани кои може да се толкуваат како компромисни но тие не ја менуваат суштината дека се бара почеток на преговори без билатерални обременувања на процесот. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека резолуцијата има контроверзни, асиметрични амандмани во полза на Бугарија.

ОН изразија загриженост за ситуацијата по протестите во таџикистанскиот регион Горно-Бадакшан

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази загриженост поради извештаите за ескалација на тензиите и насилството, вклучително за и жртви, во немирниот регион Горно-Бадакшан (ГБАО) во Таџикистан. Демонстрантите се судрија со полицијата во последниве денови, а има информации за дури 21 загинат, меѓу кои и еден полицаец. Протестите првично беа предизвикани пред неколку дена од гневот поради недостаток на истрага за смрт на активист во 2021 година додека бил во полициски притвор и одбивањето... Читать дальше...



Земјите на Квинта ја повикаа косовската влада да ја спроведе одлуката на судот за манастирот Дечани

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорите на земјите на Квинта (Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и САД) повторно ја повикаа Владата на Косово целосно да го регистрира земјиштето на манастирот Дечани без дополнително одлагање, согласно одлуката на Уставниот суд.  „Спроведувањето на владеењето на правото и почитувањето на независноста на судството се одговорност на сите демократски избрани влади. Тие се исто така неопходни предуслови за демократска консолидација на Косово и негова интеграција во европските и евроатлантските институции“... Читать дальше...

Ова не е само „војна на Путин“ и Русите треба да се чувствуваат виновни

SlobodnaEvropa.mk 

Во интервју за РСЕ, Владислав Иноземцев, руски академик кој е директор на Московскиот Центар за истражување на постиндустриски студии, зборува за здравјето на Путин, дали Русите треба да чувствуваат колективна вина и предвидува како режимот на Путин ќе заврши. Важа Тавбериџе

Канада ја забранува кенеската Хуавеи 5Г технологија

SlobodnaEvropa.mk 

На безжичните оператори во Канада нема да им биде дозволено да инсталираат опрема на „Хуавеи“ во нивните брзи 5Г мрежи, соопшти канадската влада, придружувајќи им се на сојузниците во забраната на оваа гигантска кинеска технолошка компанија. „Ја објавуваме нашата намера да го забраниме вклучувањето на производите и услугите на „Хуавеи“ и „ЗТЕ“ во телекомуникациските системи на Канада“, изјави министерот за индустрија Франсоа-Филип Шампањ. Канадската забрана ја вклучува и „ЗТЕ Корп“, една од најголемите државни технолошки компании во Кина. Читать дальше...

Бајден во посета на Азија, кинески воени маневри во Јужното Кинеско Море

SlobodnaEvropa.mk 

Кина почна воени вежби во спорното Јужно Кинеско Море, во момент кога американскиот претседател Џо Бајден ја започнува посетата на Јужна Кореја и Јапонија, во чиј фокус е да се спротивстави на заканите од Пекинг кон земјите од тој регион. Канцеларијата на Управата за поморска безбедност во јужната островска провинција Хаинан соопшти дека вежбите започнале во четвртокот на 19 мај и дека ќе траат до понеделник на 23 мај. Најавено е дека на други пловни објекти ќе им биде забранет влезот во областа. Читать дальше...

Пациентите стравуваат од враќање на паралелниот увоз на лекови

SlobodnaEvropa.mk 

Од здружението на пациенти со ретки болести велат дека на последниот тендер на министерството за здравство за набавка на лекови се појавила новоформирана фирма која ги понудила сите лекови и моментално се разгледува документацијата.

Случаи на мајмунски сипаници во Европа, САД, Канада и Австралија

SlobodnaEvropa.mk 

Случаи на мајмунски сипаници се истражуваат во неколку европски земји, како и во САД, Канада и Австралија, според здравствените власти и извештаите на локалните медиуми. Последните нови случаи се пријавени во Франција, Италија, Шведска и Австралија,  потврдени се случаи и во САД, Шпанија и Португалија. Се истражуваат 13 сомнителни смртни случаи во Канада. Мајмунските сипаници се честа појава во оддалечените делови на централна и западна Африка, и сите случаи надвор од континентот се поврзани со патување во овие области. Читать дальше...

Заврши времето на ниски каматни стапки - што ги чека граѓаните?

SlobodnaEvropa.mk 

Ако расте основната каматна стапка на Централната банка, се очекува да растат каматите на кредитите и депозитите, вели гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Банките треба да бидат општествено одговорни, да ги намалат провизиите наместо да ги покачат каматите, вели поранешниот гувернер Љубе Трпески.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во посета на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ќе ја посети Босна и Херцеговина. Се очекува теми на разговор да бидат голем број отворени прашања, меѓу кои најактуелните се поврзани со изборниот процес во БиХ. Се претпоставува дека една од темите ќе биде и изнаоѓање средства за претстојните општи избори во БиХ во износ од 6,4 милиони евра, доколку Министерскиот совет на БиХ не донесе соодветни одлуки пред доаѓањето на Мишел во БиХ. Сараевските медиуми објавуваат дека една од темите на средбите... Читать дальше...

Генерален штрајк на образовните работници во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Сите образовни институции во Косово, освен градинките, денеска ќе стапат во еднодневен штрајк поради неуспехот на Владата да одговори на нивните барања. Обединетиот синдикат за образование, наука и технологија (УСОНТ) најави дека наставниците од целата земја ќе заминат во Приштина за да бидат дел од протестот. Од синдикатот посочуваат дека жалат за ваквата состојба, но дека таа е последица на неподготвеноста на Владата за дијалог и посветеноста во решавањето на барањата, кои ги нарекуваат легитимни... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала локална облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, преку денот топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од 18 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 27 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Кто отец Дианы Джокович?






Постпред США в ООН хотела переложить вину за разжигание ядерной войны на РФ

Что будет в Воронеже 25 апреля. Василий Парильщик. Всемирный день пингвинов. Перекрытие движения у стадиона. Усиление ветра

Суд наложил арест на активы и счета экс-замминистра обороны Иванова и его семьи

Красноярск вошел в топ-городов с самой вкусной шаурмой