ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Новости за 02.02.2023

Таравари: Би поддржале и малцинска Влада, но подготвени сме и да раководиме со одредени институции

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Алијанса за Албанците (AA), Арбен Таравари вечерва изјави дека за неколку дена ќе се знае дали тие ќе станат дел од Владата или не. Оваа работа, тврди тој, не е завршена. АА би можела да поддржи и малцинска влада, но тие, вели Таравари, подготвени се и да преземат одредени одговорности и да раководат со институции. „Мислам дека за неколку дена ние треба да одлучиме. Јас планирам идната недела да свикам Централно претседателство и да ја завршиме оваа работа“, рече Таравари за емисијата Вин Вин на ТВ Телма. Читать дальше...

Условна казна за гинекологот Асани за давање здравствени услуги во приватна ординација без дозвола

SlobodnaEvropa.mk 

Условна казна од четири години доби струшкиот гинеколог Мухамед Асани за давање здравствени услуги во приватна ординација без дозвола за работа. Според одлуката на Судот, Асани не треба да изврши друго дело во наредните четири години, во спротивно ќе треба да одлежи две години затвор. „Му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека таа нема да се изврши, ако осудениот во рок од четири години не стори ново кривично дело“, потврдија за МИА од Основниот суд во Струга. Читать дальше...

Бугарската Фондација „Македонија“ повикува на присуство на гробот на Делчев в сабота

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарската непрофитна организација Фондација „Македонија“ преку објава на својот официјален фејсбук-профил упати повик до сите Бугари во Скопје да присуствуваат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев што ќе се одржи в сабота во Скопје. „Апел до сите Бугари во Скопје, особено до младите: Дојдете во сабота на гробот на Гоце заедно да му оддадеме чест во 11:30 часот на паркингот на Калето. Досега над 40 Бугари од Скопје и Северна Македонија ни потврдија дека ќе дојдат. Досега... Читать дальше...

Борел ја повика Русија да го ослободи опозиционерот Навални

SlobodnaEvropa.mk 

По повод втората годишнина од изрекувањето на пресудата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, денеска ја повика Русија веднаш да го ослободи од затвор. Со тоа, како што наведува Борел, Русија ќе ги исполни своите обврски според Европската конвенција за човекови права и ќе ја спроведе мерката на Европскиот суд за човекови права со која се бара ослободување на Навални. Борел потсети дека судот во Русија, со политички мотивирана пресуда... Читать дальше...

Турција ги повика на разговор амбасадорите на неколку западни земји

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ги повика амбасадорите на неколку западни земји, од кои бара објаснување за привременото затворање на нивните дипломатски претставништва во земјата и издавањето безбедносни предупредувања по инцидентите со палењето на Куранот во Европа. Екстремно десничарските активисти ја запалија светата книга на исламот, Куранот, во Шведска, Данска и Холандија минатата недела, што ја натера Турција да ги прекине преговорите за членство во НАТО со Шведска и Финска. Европските земји ги осудија инцидентите... Читать дальше...

Од почетокот на учебнава година 182 ученици се отпишале од кумановските училишта поради селење во странство

SlobodnaEvropa.mk 

Од почетокот на учебнава година, од кумановските училишта се отпишале 235 ученици, соопштија од општинскиот сектор за образование. Најголем дел од учениците односно 182 биле отпишани поради преселба во друга држава, а дел поради преселба во друга општина. „Во учебната 2022/2023 година во општинските основни училишта, со состојба до 02.02. 2023 година, се отпишани вкупно 201 ученик од вкупно 10.097 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 37 се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија... Читать дальше...

МНР: Декларацијата на бугарското Собрание не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија преку соопштение, со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“, усвоена денеска, на последниот ден од работата на Народното Собрание на Бугарија, не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување. Како што се наведува во соопштението од МНР... Читать дальше...

Српската десница ја обвинува власта за инцидентот во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците на десничарските партии, движења и коалиции најавија дека владејачкото мнозинство ги спречило да се изјаснат на седницата. „Две минути ни беше ускратено правото да зборуваме. Нашата реакција беше децидна и достоинствена. Не дојдовме да правиме циркус, циркуси прават тие што не ги почитуваат правилата“, изјави пратеничката Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски. „Ние сме многу толерантни луѓе и партии, но тоа се историски теми и немаме право да не бидеме слушнати на оваа тема“, рече пратеникот Милош Јовановиќ... Читать дальше...



Договорени тројца кандидати за судии на Уставниот суд на Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на црногорското Собранието, Данијела Ѓуровиќ, изјави дека членовите на Колегиумот на Собранието на Црна Гора и на Уставниот комитет вчера постигнаа договор за избор на тројца кандидати за судии на Уставниот суд. Во соопштението од Собранието се наведува дека до седницата на Уставната комисија ќе се вложат максимални напори за постигнување договор и потребното мнозинство за избор на четвртиот кандидат. Од септември 2022 година, Уставниот суд на Црна Гора нема кворум за одлучување бидејќи има само тројца судии од вкупно седум. Читать дальше...

Ниските камати се минато

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните најмногу пари им должат на банките за потрошувачки кредит - 1 милијарда и 829 милиони евра. Со зголемувањето на основните каматни стапки на НБРМ, економистите очекуваат ново зголемување на каматите, но и на трошоците за оние кои веќе земале заем. Секој граѓанин веќе должи по 1.834 евра.

Тензии на седницата на српскиот парламент на која се расправа за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието на Србија атмосферата на седницата за Косово и Метохија е на работ на инцидент, бидејќи пратениците од опозицијата станаа и извикуваа „Предавство, предавство!“ и „Нема да го дадеме Косово!“ и го прекина говорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Го подаривте Косово! Ние го браниме Косово од такви како вас! Срам да ви е лажговци!“ извика претседателот од говорницата. Вучиќ ја обвини опозицијата дека го поздравува споменувањето на името на поранешниот претседател на Србија... Читать дальше...

Европарламентот им го укина имунитетот на двајца пратеници во истрагата за мито

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство гласаше за одземање на имунитетот од гонење на двајца пратеници по барањето на белгиските истражители да ги испрашаат во врска со корупцискиот скандал со пари за влијание. Парламентот ги поддржа предлозите за укинување на имунитетот на Италијанецот Андреа Козолино и Белгиецот Марк Тарабела. Тарабела и Козолино, преку нивните адвокати, негираа дека сториле нешто лошо и рекоа дека се подготвени да одговорат на прашањата на белгиските власти. Каили... Читать дальше...

Бугарскиот претседател го распушти парламентот и закажа предвремени избори за 2 април

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска потпиша указ за распуштање на парламентот и одредување на 2 април како датум за предвремени избори -- петти во земјата во две години -- откако неубедливите избори во октомври не донесоа влада. Радев, исто така, повторно го назначи Галаб Донев за привремен премиер во преодниот период. Составот на преодната влада остана речиси непроменет, со исклучок на министерот за култура во заминување Велислав Минеков, кој е сменет со диригентот Најден Тодоров. Радев... Читать дальше...

Гробот на Гоце Делчев заборавен кога нема тензии

SlobodnaEvropa.mk 

Како наближува роденденот на Гоце Делчев, се вжештуваат работите околу посетата на неговиот гроб во Скопје. Одбележувањето е означено како „настан од висок ризик“, по најавите за доаѓање организирани бугарски групи. Кога нема тензии и годишници, ретко кој знае каде е гробот на Гоце Делчев.

Од вечер до сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, од денеска до сабота во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека, од денеска, од 18.00 часот, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 4 февруари, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, скопскиот Сектор за внатрешни работи ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот... Читать дальше...

Курти постави услови за формирање на Заедницата на српски општини

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти на денешната седница на косовското Собрание изјави дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство може да се разгледува со неколку услови, меѓу другото, тоа „мора да биде во согласност со Уставот и законите кои важат во Косово“. Друг услов, според него, е Заедницата да не може да биде моноетничка „мора да го смени името, да не носи никаква јавна или извршна власт и да служи само во хоризонталната соработка на општините, согласно Уставот и Законот за локална самоуправа“ . Читать дальше...

Австрија протера четворица руски пратеници поради кршење на меѓународните договори

SlobodnaEvropa.mk 

Австрија протера четворица руски дипломати поради однесување на начин што не е во согласност со меѓународните договори, причина што често се поврзува во случаите на шпионирање, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи без да даде конкретни детали. Двајца од четворицата дипломати прогласени за персона нон грата и на кои им е наредено да ја напуштат земјата најдоцна до 8 февруари се стационирани во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работат во руската мисија во Обединетите нации во Виена... Читать дальше...

Државата извезува домашни, а ќе мора да увезува странски работници

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија останува без работна сила. Цели семејства се иселуваат во странство во потрага по подобар живот, а некои европски држави ги зголемуваат квотите за работници од Балканот. Македонските компании бараат итно олеснување на процедурите да увезат работници од Бангладеш и Далечниот Исток.

Вучиќ: не смеам да го откривам француско-германскиот план

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека целта на парламентарната седница на која учествува не е да ја префрли одговорноста на парламентот и граѓаните, туку отворено да каже, како претседател, кои се предизвиците со кои се соочува Србија и што му претстои на Србинот. „Доаѓам од чувство на должност да кажам што се случува, за да можат граѓаните да ги проценат последиците од нашите постапки и за што се бориме. Ќе ги истакнам сите најлоши точки од француско-германската иницијатива и нема да кријам ништо... Читать дальше...

Новости России
Москва

Собянин назначил нового главу Стройкомплекса Москвы


„Кодошење, патриотска обврска?“, руска тинејџерка се соочува со долг затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Студентка на универзитет во Архангелск е наведена како „екстремист“ и би можела да се соочи со повеќе од една деценија затвор откако колеги студенти ги пријавија нејзините антивоени објави на социјалните мрежи.

Бугарскиот парламент усвои декларација за Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот парламент денеска категорично го осуди насилството врз македонските Бугари во Република Македонија, како и омаловажувањето на проблемот со правата и безбедноста на Бугарите во РСМ. Ова се наведува во декларацијата на Националното собрание, усвоен денеска со огромно мнозинство. Во декларацијата Софија го осуди говорот на омраза и инсистира на спроведување на Договорот за пријателство, кој, како што се наведува, властите во Скопје не го почитуваат. Документот беше усвоен само еден ден... Читать дальше...

Тарзан получил повестку в военкомат, но бежать из России не стал

«ФАН» (Riafan.ru) 

Актер, певец, бодибилдер и стриптизер Сергей Глушко, более известный под сценическим именем Тарзан, оказался в числе россиян, которым пришла повестка в военкомат. Как рассказал его друг, бежать из страны муж певицы Наташи Королевой не стал.

Потпишан договор со ИРД Инжинеринг за изградба на четири автопат делници

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска беше потпишан договор во Владата со што почнува преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-д, а во текот на, откако компанијата ја достави банкарската гаранција за понудата од 1.374.304.070 денари, што ја достави на тендерот. Се очекува градежни активности да почнат во текот на оваа година. Со овој проект се планира изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга ... Читать дальше...

Српскиот парламент ќе расправа за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува во денешната работа на Собранието на Србија на чиј дневен ред е прашањето за Косово. Вучиќ изјави дека негова должност е да го почитува српскиот парламент и дека на денешната седницата за Косово ќе одговори на сите пратенички прашања. Во видео-обраќање на Инстаграм, Вучиќ рече дека кога Србија станала свесна за француско-германската иницијатива за прашањето за Косово, ги повикал парламентарните партии на консултации за да им ги покаже сите факти... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Бадоса из-за травмы снялась с матча против Соболенко и заплакала у сетки






Замок Гарибальди в Самарской области вошел в топ-10 мест для весенних фотосессий

Порядка 30 тысяч человек стали донорами крови в Московской области с начала текущего года

Жена Носкова рассказала, с чем пришлось расстаться ради лечения мужа

46-й ММКФ: странствия в поисках себя