ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Новости за 04.02.2023

САД го собори кинескиот балон, во тек е акција на собирање на остатоците

SlobodnaEvropa.mk 

САД сооппшти дека е соборен кинескиот воздушен балон за кој постои сомнеж дека имал за цел шпионажа, со оглед на тоа дека летал над сензитивни воени локации во Северна Америја. Според соопштението тој е соборен во близина над сојузната држава Северна Каролина. Тоа е најновиот удар во тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг. Во тек е операција во територијалните води на САД во Атлантскиот Океан за да се извлечат остатоците од балонот, кој летал на околу 60.000 стапки односно 18 илјади метри висина и се... Читать дальше...

Почина млад затвореник во Идризово, нема траги на насилство

SlobodnaEvropa.mk 

Осуденик  починал вчера во затворот Идризово. 27 годишниот затвореник немал видливи траги на насилство, а телото е дадено на обдукација, соопшти денеска МВР. „ На 03.02.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот Д.Х.(27) од Велес. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се наведува во соопштението од МВР. Читать дальше...

Тинејџерка загинала по напад од ајкула во Австралија

SlobodnaEvropa.mk 

Тинејџерка им подлегна на повредите откако беше нападната најверојатно од ајкула во близина на западно австралискиот град Перт, откако скокнала од своите џет ски, соопшти полицијата во саботата. Шеснаесет годишното девојче беше извлечена од водата со тешки повреди. „Медицинскиот персонал и пружил медицинска помош на местото на настанот, но таа починала“, изјави полицискиот вршител на должноста инспектор Пол Робинсон. Тој рече дека жртвата била со нејзините пријатели на џет скии. „Веројатно... Читать дальше...

САД размислува за санкции кон кинеска фирма

SlobodnaEvropa.mk 

САД размислуваат за нови санкции за кинеските компании за надзор поради продажбата на иранските безбедносни сили. Ова го објави американскиот Волстрит журнал на 4 февруари, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Американските власти се во напредни дискусии за санкциите и се однесуваат на компанијата Tiandy Technologies Co, која е производител на електрична опрема со седиште надвор од кинескиот град Тијанџин. Нејзините производи се продаваат на единици на иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда, се додава во извештајот. Читать дальше...

Тензично одбележан роденденот на Гоце Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Строги полициски протоколи и обезбедување, четири часовен застој на границата со Бугарија каде влез чекаа бугарски државјани и тензична атмосфера. Вака помина денеска чествувањето на 151 годишнина од роденденот на Гоце Делчев во Скопје.

Демерџиев: Ќе донираме генератори за струја за пак да не им „падне системот “ на граничните премини

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот технички министер за внатрешни работи Иван Демерџиев по положувањето цвеќе во Скопје на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев изјави дека биле „драконски“ мерките на македонската полиција. Демерџиев не ги дочека бугарските граѓани кои се најавени дека ќе дојдат на скопското Кале. Системот за контрола на граничниот премин Деве Баир 4 часа беше во прекин, поради „ технички пад на системот“, со што се оневозможи брзо пристигнување на буграските државјани во Скопје. Демерџиев... Читать дальше...

Тројца бугарски државјани приведени на Деве Баир

SlobodnaEvropa.mk 

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека на граничниот премин Деве Баир биле приведени тројца бугарски државјани Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) за нарушување на јавниот ред и мир. Тие „најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, наведоа од МВР. Сите гранични премини неколку часа не дозволуваа... Читать дальше...

Папата во посета на Јужен Судан

SlobodnaEvropa.mk 

Папата Франциск денеска ќе се сретне со жртвите од граѓанската војна во Јужен Судан, на само еден ден откако упати порака до лидерите во таа земја да се посветат на мир и безбедност. Посетата на Папата на Јужен Судан ќе биде прва по неговата прогласена независност во 2011 година по што земјата влезе во брутален етнички конфликт што ја остави младата нација поделена и истрауматизирана. Околу 380.000 луѓе загинаа во пет години крвопролевање пред формално да заврши граѓанската војна во 2018 година... Читать дальше...



Сакаме лек -извикуваа на протест пациентите со цистична фиброза

SlobodnaEvropa.mk 

„За живот не се калкулира“, „Задоцентите решенија некого може да чинат живот“, „Лек е приоритет не е привилегија“. Ова се дел од транспарентите со кои пред влада застанаа стотици граѓани во знак на подршка на пациентите со цистична фиброза. Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза денеска организираше протест со кој бара Владата да побрза и да им го набави лекот што им е потребен. „Ова е Марко, тој е седумкратен државен победник во карате и е пациент со цистична фиброза, тој досега победи седум пати... Читать дальше...

Википедија забранета во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Светски познатата веб страница „Википедија“ денеска е блокирана во Пакистан Властите ја цензурираа веб-страницата за хостирање поради „богохулна содржина“. Ова е последниот удар во низа врз дигиталните права во длабоко конзервативната нација. Богохулењето е чувствително прашање во Пакистан со мнозинско муслиманско население, а гигантите на социјалните мрежи Фејсбук и Јутјуб претходно беа забранети поради објавување содржина што се смета за светољубиво. Онлајн енциклопедијата беше блокирана низ... Читать дальше...

МВР: Граничните премини се во функција, се пропуштаат возила

SlobodnaEvropa.mk 

Од МВР информираат дека е отстранет дефектот на системот на сите гранични премини и истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава. На граничниот премин „Деве Баир“ група на бугарски граѓани чекаа да влезат на македонско територија за да му оддадат почит на револуционерот Гоце Делчев на одбележувањето на 151 годишнината од неговото раѓање. Тие се организирани со автомобили од страна на бугарската фондација „Македонија“. На фејсбук профилот на претседателот на фондацијата... Читать дальше...

Кинеските балони вредна и тешко соборилива алатка за набљудување

SlobodnaEvropa.mk 

Првиот кинески воздушен балон за набљудување што го откри Пентагон лета над сензитивни локации на американски балистички ракети би можел да биде воден од напредна технологија за вештачка интелигенција, изјави американски експерт за новинската агенција Франс прес. Вториот кинески балон за набљудување подоцна беше забележан над Латинска Америка пред да се упати кон исток над централниот дел на Соединетите држави, соопшти Пентагон. Кина претходно изјави дека балонот што лета над Соединетите држави е всушност метеоролошки цепелин. Читать дальше...

Демерџиев: Има податоци за запрени бугарски државјани на границата со РСМ

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 100-150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев за бугарските медиуми во Скопје. Тој очекува да се исполнат ветувањата на македонските власти дека бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје ќе бидат примени непречено. Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас се и министерот за здравство Асен Меџидиев... Читать дальше...

Полицијата дозволи влез на мали групи граѓани во црквата Св. Спас

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата почна да пропушта мали групи на граѓани кои се дојдени на скопското Кале за да оддадат почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. До ова дојде откако заминаа политичките делагации кои според протокол за настан од висок ризик беа под засилено полициско обезбедување. На барикадите се останати уште 50-тина граѓани кои чекаат полицијата да ги пропушти до црквата. Претходно полицијата не дозволуваше пристап до црквата Св. Спас и улиците беа затворени. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ... Читать дальше...

Државни, партиски и други делегации го чествуваа раѓањето на Гоце Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Под силно полициско обезбедување и со претрес, државни, партиски и граѓански организации дојдоа на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод годишнината од неговото раѓање. Голем број граѓани останаа под скопското Кале, недалеку од црквата Св. Спас, каде е гробот на Делчев.

Мицкоски: Срамота е да бидеме робови во својата држава

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација од пет члена оддадоа почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Со нив на Кале пристигнаа и стотици поддржувачи и симпатизери на партијата со транспаренти кои останаа зад полицискиот кордон. Мицкоски изјави дека е срамота ова што денеска се случува со толкаво полициско обезбедување да не можат граѓаните слободно да оддадат почит на еден великан како Гоце Делчев. „ Срамота е ова денеска што ни се случува... Читать дальше...

Лидерот на бугарската фондација „Македонија“ не ја преминал границата

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на бугарската фондацијата Македонија, Виктор Стојанов, како што неофицијално дознава екипата на РСЕ која се наоѓа на граничниот премин Деве Баир, самоиницијативно ја напуштил колоната на возила која се наоѓала на граничниот премин Деве Баир меѓу Северна Македонија и Бугарија и се вратил назад, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција. Од Министерството за внатрешни работи пак потврдија за РСЕ дека на граничните премини паднал системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување. Читать дальше...

Стотина граѓани бараат полицијата да ги пушти до црквата Св. Спас

SlobodnaEvropa.mk 

Стотина граѓани со знамиња со сонцето од Вергина денеска се собрани на контролниот пункт под Кале, каде што полицијата не ги пушта да поминат. Тие бараат пристап до црквата Св. Спас каде што денеска се одбележува 151 годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Покрај демонстрантите репортерот на Радио Слободна Европа забележа и претставници на помали вонпарламентарни партии, меѓу кои Страшо Ангеловски и Солза Грчева. Полицајците кои што се на пунктот велат за РСЕ дека чекаат... Читать дальше...

Македонскиот државен врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев под силно полициско обезбедување

SlobodnaEvropa.mk 

Под силно полициско обезбедување македонскиот државен врв денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас. На чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев како дел од државната делегација присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски,  министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието.  Панихида оддржа... Читать дальше...

Новости России
Москва

«Радио Зенит» – информационный партнер форума «Мы вместе. Спорт»


Српското собрание го усвои Извештајот за преговори со Косово

SlobodnaEvropa.mk 

По два дена заседавање српското собрание со мнозинство гласови го усвои Извештајот на Владата за преговорите со Косово. За извештајот гласаа 154 пратеници, а против 23. Српскиот парламент заседаваше откако претседателот на Србија го доби предлогот на ЕУ за решавање на спорот со Косово Предлогот е попознат како француско-германски план и беше поддржан од САД и не беше објавен во јавноста. Десниот блок на опозициски партии го гледа планот како „капитулација“. На 2 февруари десетици граѓани пред Собранието... Читать дальше...

Макотрпниот лет до Брисел - дали истиот води преку Копенхаген или сепак преку Софија?

SlobodnaEvropa.mk 

Сакаме во ЕУ каде не се зборува за тоа кој си и што си, оти тоа не е работа на тие веќе зачленетите таму да го кажуваат. Редно е да ни го кажат - дали таквата ЕУ се уште постои. Затоа што целото ова што се случува, дури и да е од комшии, многу е!, пишува младиот европски амбасадор Иван Дургутов.

САД и сојузниците со критика за одговорот на Иран по извештајот на МААЕ

SlobodnaEvropa.mk 

САД, Франција, Обединетото Кралство и Германија на 3 февруари  во заедничка изјава го критикуваа „несоодветниот“ одговор на Иран на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за неговата нуклеарна програма. Станува збор за извештај во кој од Меѓународната агенција е посочено дека во Техеран при ненајавена посета утврдиле дека се направени промени без претходно известување во фабриката за збогатување со ураниум .  Иран, за овој извештај коментираше дека инспекторот на МААЕ... Читать дальше...

Одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Затворени улици и многу полиција околу местото каде е погребан револуционерот Гоце Делчев, на годишнината од неговото раѓање. Гробот во црквата Свети Спас во Скопје го посетија делегации од Македонија, а се очекува и организирана група од Бугарија.

Силно полициско обезбедување во пресрет на чествувањето на Гоце Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Под силно полициско обезбедување денеска делегации, функционери, политичари и граѓански здруженија со полагање цвеќе на гробот во Црквата Свети Спас, денеска ќе го одбележат раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Според досегашните најави почит пред гробот на Гоце Делчев ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиерАртан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни... Читать дальше...

Облачно време со повремени врнежи на снег

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места и од дожд и снег во пониските предели. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, кога на повеќе места ќе биде силен со над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени. Во Скопје ќе биде променливо... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Чесноков оценил шансы Александровой в борьбе за выход в финал турнира WTA в Майами






Месиво на голове. Как умерла женщина, чей труп нашли в снегу в Подмосковье

"Серебряные" экскурсии по Томску в апреле будут пешеходными и виртуальными

Боец MMA Минаков рассказал о своей мотивации для возвращения в спорт

"Продуктовая минималка" в Тульской области одна из самых низких в ЦФО – 5 231 рубль