ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Новости за 06.02.2023

Лонг Ајленд - Жена прогласена за мртва, па во мртовечница откриле дека дише

SlobodnaEvropa.mk 

Жена од 82 години била прогласена за мртва во старечки дом на Лонг Ајленд во американската сојузна држава Њујорк, но три часа подоцна било востановено дека дише во мртовечницата во која била пренесена, соопштија денеска тамошните власти. Жената, чие име не е соопштено, била прогласена за почината во саботата во старечкиот дом Вотерс Еџ во Порт Џеферсон во 11:15 по локално време, а во мртовечница била пренесена во 13:30. Таму било утврдено дека дише во 14:09, соопшти полицијата на округот Сафолк. Читать дальше...

Турција прогласи седумдневна жалост поради земјотресот

SlobodnaEvropa.mk 

Турција прогласи седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку јужни провинции, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари, прогласена е национална жалост во траење од седум дена. Нашето знаме ќе биде на половина копје до зајдисонце во недела на 12 февруари во целата наша земја и во претставништвата во странство“ напиша Ердоган на Твитер. Силен земјотрес ги погоди Турција и Сирија... Читать дальше...

Македонски спасувачи со опрема и кучиња ќе се вклучат во потрагата по преживеани во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Владата, на вонредна седница, донесе одлука за испраќање спасувачки тимови и опрема, како и помош за настраданите од разорниот земјотрес во Турција. Во серијата земјотреси во југоисточна Турција, кои ја погодија и северна Сирија досега загинаа над 2300 луѓе, а над 8000 се повредени. Се очекува бројот на загинати да расте како што ќе се расчистуваат урнатините. Силен земјотрес ги погоди Турција и Сирија, неколку илјади загинати Владата денеска донесе одлука за испраќање 40 припадници на републичките... Читать дальше...

Отфрлено обвинението за трговија со деца против четири хрватски двојки во Замбија

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Ндола, Замбија денеска го отфрли обвинението против хрватските државјани за трговија со деца и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди хрватското Министерство за надворешни и европски работи. Четири двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно поради сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго. Тие беа обвинети за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи.

Курти го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти, по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, соопшти дека Косово го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите. Курти во објава на Твитер изјави дека имал добра дискусија со Лајчак. „Добра размена на мислења со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на работниот ручек во Приштина. Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и го сметаме за добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за напредок“... Читать дальше...

Бајден одобри итен одговор на САД за помош по земјотресот во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека неговата администрација тесно соработува со официјална Анкара, за да може Вашингтон најитно и најефикасно да одговори на последиците од разорниот земјотрес што утринава ги погоди Турција и Сирија. Силен земјотрес ги погоди Турција и Сирија, неколку илјади загинати Бајден изјави дека американските тимови брзо се распоредуваат за да започнат со поддршка на турските напори за пребарување и спасување. „Тимовите на терен мора итно да ги... Читать дальше...

Бугарија испраќа генератори на три гранични премини со Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Трите генератори Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Повод за донацијата е тоа што бугарски граѓани не можеа да ја поминат границата и да му оддадат почит на Гоце Делчев зашто „падна системот“ за проверка на лични... Читать дальше...

Најмалку 34 загинати и 40 повредени во борбите во Сомалија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 34 лица загинаа, а 40 се повредени во судирите во северниот отцепен регион Сомалиленд во Сомалија, соопштија денеска лекарите од јавната болница во градот Ласкануд во тој регион. Министерот за внатрешни работи на Сомалиленд, Мохамед Кахин Ахмед, изјави дека рано утринава избувнале борби во источниот дел на Сомалиленд меѓу регионалните сили и антивладините борци, еден месец откако околу 20 лица беа убиени во протестите поради контрола на спорните области. Завршена опсадата на хотелот во Сомалија... Читать дальше...



Новак - Сакаме да придонесеме за отстранување на пречките на патот на Северна Македонија кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Сакаме да придонесеме за отстранување на сите пречки на патот на Северна Македонија кон ЕУ, изјави денеска во Скопје унгарската претседателка Каталин Новак на заедничката прес - конференција со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски. Таа потврди дека за време на неодамнешната посета на Бугарија на средбата со колегата Румен Радев разговарале и за спорот на релација Софија - Скопје, со цел, како што вели, да се запознае со ставовите на двете страни. „Сакаме долгорочно да придонесеме... Читать дальше...

Во земјотресите во Турција и во Сирија загинаа повеќе од 2.000 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Според најновите податоци, во денешните два земјотреса што во рок од 12 часа ги погодија Турција и Сирија загинаа повеќе од 2.000 луѓе. Се очекува зголемување на бројот на жртви, а во тек се спасувачки операции. Според досегашните официјални податоци, во Турција загинале 1.014 луѓе, а 5.383 лица се повредени, додека се урнале 2.818 згради. Сириското Министерство за здравство соопшти дека загинале повеќе од 783 лица, а 1.042 се повредени. Дополнително на тие бројки, спасувачката служба „Бели шлемови“ во северозападна Сирија... Читать дальше...

Двајца македонски ученици повредени во земјотресот во Турција, не се во животна опасност

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца македонски ученици се повредени во силниот земјотрес во Турција, но не се во животна опасност, информира Министерството за надворешни работи. „Едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање - додека вториот ученик е со полесни повреди“, информира МНР. Осум македонски ученици и нивниот ментор/наставник престојувале во Турција преку програмата „Еразмус плус“. Македонските претставништва стапиле во контакт со деветтемина... Читать дальше...

Нема серум против беснило, доцнат тендерите

SlobodnaEvropa.mk 

Од Инфективната клиника велат дека во цела држава нема серум против беснило поради проблеми со тендерите. Повеќе од 40 години нема регистрирано случај на беснило, но сепак, лекарите предупредуваат дека државата мора да располага со одредени количини од серумот ако се појави потреба.

Поповиќ: Партиската припадност е поважна од способноста за некоја функција

SlobodnaEvropa.mk 

Коалициските пазари за поставување лица на раководни позиции се голем проблем за доброто управување во земјава, смета Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје. Дел од решението тој гледа во носењето на Законот за висока раководна служба.

Турција побара помош од НАТО за справување со последиците од земјотресот

SlobodnaEvropa.mk 

Турција официјално побара помош од сојузниците на НАТО за справување со последиците од серијата силни земјотреси. Tимови и опрема за итни случаи, различни единици за пребарување и спасување, како и „комплетно опремени теренски болници отпорни на екстремни временски услови“ се наведени како дел од барањето објавено од НАТО. Во документот се наведува и дека Молдавија, членката на НАТО, понудила тим за пребарување и спасување на кој му е потребна помош за да стигне до погодената област. Одговорот... Читать дальше...

Македонската армија и понуди помош на Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, изрази сочувство до Турција и турскиот народ по силниот земјотрес и понуди помош од македонската армија. „Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели“, пишува Петровска на својот фејсбук-профил. „Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување колку може повеќе човечки животи“... Читать дальше...

Партиски пазари место квалитет за челни луѓе во институциите

SlobodnaEvropa.mk 

Смената на министри и луѓе на челни позиции во институциите повторно во фокус на партиските договори за коалицирање. Законот за висока раководна служба заглави низ институциите. Експертите предупредуваат дека мора да се инсистира на квалитет, за добро функционирање на државата.

Курти го повика Западот да не врши притисок врз Приштина околу српскиот ентитет

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз неговата мала балканска земја да прифати спорно здружување на пет општини со мнозинско српско население, што ги зголемува тензиите меѓу Косово и Србија. Курти за Асошиејтед прес изјави дека фокусот треба да биде ставен врз тоа Србија да стане подемократска и да се ослободи од, како што ги нарече, хегемонистичките идеи на Белград. Курти постави услови за формирање на Заедницата на српски општини Курти деновиве рече... Читать дальше...

Атина под снег, прекин на сообраќајот и затворени училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Атина денеска е покриена со снег, што предизвика прекин на сообраќајот и затворање на училиштата. Во главниот град на Грција, кој не е навикнат на сурови зими, училиштата и градинките денеска ќе бидат затворени поради невремето „Барбара“, кое за време на викендот го зафати северниот дел на земјата. Владата ги повика жителите да се движат помалку и да работат од дома бидејќи сака да избегне повторување на хаосот предизвикан од обилните снежни врнежи минатата година. Услугата на метрото до меѓународниот аеродром во Атина... Читать дальше...

Пендаровски упати сочувство до Ердоган за загинатите во земјотресот во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до семејствата на загинатите во силниот земјотрес во Турција. „Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша претседателот Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил. Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и во... Читать дальше...

Новости России
Москва

Опубликован план мира, способный улучшить отношения между Россией, Нато, Украиной


Лајчак на разговори во Приштина и во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во Приштина, а потоа во Белград, каде што ќе има средби со учесниците во дијалогот. Лајчак во Приштина, како што соопшти косовската влада, ќе има работен ручек со премиерот на Косово, Албин Курти и со шефот на приштинската делегација во дијалогот, Бесник Бислими. Претседателството на Србија пак соопшти дека Лајчак доцна попладне во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Читать дальше...

Унгарската претседателка Каталин Новак во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарската претседателка Каталин Новак денеска ќе престојува во официјална посета на земјава, соопшти Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски. Според најавите, Новак ќе биде пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски... Читать дальше...

Во Франција, клучна недела за пензиските реформи во парламентот и на улиците

SlobodnaEvropa.mk 

Во Франција, следи клучна недела за силно оспоруваната пензиска реформа, со дводневни протести на граѓаните против реформата и почеток на расправата во парламентот. Премиерката Елизабет Борн вчера направи гест кон десничарската партија „Републиканци“, бидејќи гласовите на таа партија се неопходни за гласањето на новиот закон за пензиите во парламентот. „За долги кариери и за оние кои почнале да работат на 20 или 21 година, пензијата ќе биде на 63 години“, изјави таа за локалните медиуми, но не ја... Читать дальше...

Смртоносен земјотрес во Турција, спасувачите бараат преживеани

SlobodnaEvropa.mk 

Во денешниот голем земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала загинаа околу 80 луѓе во понеделникот во јужна Турција, а се почувствува и на Кипар, Либан и Сирија, уривајќи десетици згради и покрена потрага по преживеани под урнатини во снежните улици.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Россиянка Хромачёва вышла в финал турнира WTA в Руане в парном разряде






Шойгу заявил о создании в Минобороны центра беспилотников и роботов

Московские парки возобновили работу 20 апреля

Источник «360»: 1 человек погиб в перевернувшемся мотоцикле в Южном Бутово

Единственная в России клоунесса рассказала о тайных обществах и запретах в цирке