Мицкоски потврди дека се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
„Во изминатиот период голем дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ, членови на партиската структура, членови на општинските и месните комитети, но и огромен број на обични граѓани ми изразија поддршка и охрабрување да превземам чекор“, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Тој наведува дека неговата кандидатура е „широко понудена рака“ за секој кој сака да биде дел од неговиот тим „за победничка и економски напредна Македонија“.
