Навални поднесе документи за учество на претседателските избори во Русија
„Избори без нас не се избори“, изјави Навални пред поднесувањето на документите доцна синоќа додавајќи: „Ние сме способни да им се спротивставиме на актуелните власти. Нашето клучно барање е да ни биде дозволено да учествуваме на изборите“, рече тој.
Комисијата која го продолжи своето работење за да ги преземе документите, има рок од пет дена да одлучи дали Навални ќе биде регистриран како кандидат за претседателските избори во март 2018 година.
Изборната комисија претходно одлучи дека Навални не може да се кандидира за јавна функција до 2028 година поради обвиненија за финансиски криминал, за кои тој вели дека се фабрикувани од властите поради политички причини.
Навални на 24 декември објави дека добил довална поддршка да се кандидира на изборите, откако наговите поддржувачи на собири во 20 градови во земјата собрале 15 илјади потписи за неговата кандидатура.
