Автобус влета во подземен пешачки премин во Москва
Руските власти ја отфрлија можноста за терористички напад, велејќи дека се сомневаат во механичка грешка или дека возачот ја загубил контролата над автобусот.
Од полицијата велат дека го испрашуваат возачот, а медиумите го цитираат градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин дека наредил да бидат проверени сите автобуси во градот.
