ВМРО-ДПМНЕ: Судството работи под притисок на СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Република Македонија повеќе нема независно судство.
„Основен принцип на секоја судска постапка е ефикасност и тоа важи за сите, само не за Заев. Случајот „Поткуп“, во кој Заев е фатен инфлагранти како бара поткуп, се одложува во низа и е класичен пример за заробено судство“, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека судот под принува на Заев ги одлага рочиштата, како што велат, за неговиот криминал, „а од друга страна под истата принуда ги извршува барањата за притвор на ОЈО произлезени од монтираниот случај за лицата од настаните од 27 април“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
