Судењето за „Таргет-Тврдина“ по одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски
Судијката Џенета Бегтовиќ посочи дека на следното рочиште судот ќе се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошковски во зависност од одлуката за екстрадиција.
Обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО предложи раздвојување на постапката за Грујевски и Бошковски на што се спротиставија нивните адвокати. Според, адвокатот Петар Василев не постојат законски основи за раздвојување на постапката во случај кога обвиентите се во екстрадициски притвор и постапката за одлучување е во завршна фаза.
