Катемерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за меѓународен договор за името
„Според информациите, врз база на подготовката што беше направена, основно сценарио за разговорите на двајцата лидери ќе биде она на склучување еден меѓународен договор, што ќе треба да биде одобрен од парламентите на двете земји. Во овој текст, според информациите, ќе постои условеност, интеграцијата на ПЈРМ во НАТО да „се отклучи“ кога ќе се направи ревизија на Уставот на соседната земја и на овој начин ќе се гарантира ерга омнес. Постои сериозна веројатност двајцата премиери да се сретнат два пати, во среда вечер и во четврток наутро“, објави „Катмерини“.