Ѕанакопулос: Далеку сме од решение за спорот за името
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се очекува да остварат средба на маргините на самитот на ЕУ-Западен Балкан во Софија. Според Ѕанакопулос, средбата ќе биде корисна и важна, но како што наведе, можеби ќе биде потребна нова рунда на преговори за изнаоѓање на решение за разликите во спорот за името.
