Помпео најави историски најсилни санкции против Иран
Пред две недели претседателот Доналд Трамп соопшти дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор од 2015 година постигнат меѓу Иран и шесте светски сили – САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина и Германија.
Помпео рече дека со санкциите ќе се направи „невиден финансиски притисок врз Иран“, кого го нарече најголем спонзор на тероризмот во светот. Тој рече дека Иран ќе се бори да ја одржи својата економија во живот и ќе мора да избере меѓу одржувањето на економијата и спонзорирањето терористички и бунтовнички групи во земји како Либан, Сирија, Ирак или Јемен.
ЕУ се труди да го убеди Иран да го почитува договорот и без учество на Вашингтон.
