ВМРО-ДПМНЕ: Владата го смени името на државата, а покана од ЕУ нема
„Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија. Тоа е доказ дека обезличувањето на сопствената држава и народ не може да биде покритие за неспособноста, расипништвото и криминалот на власта. Зоран Заев ја распродава државата на надворешен план и ја уништува дома“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
