ЕУ ги продолжи санкциите за Русија
Санкциите за Русија беа воведени во 2014 година, во екот на украинската криза, неколку месеци по руското анектирање на Крим и офанзивата на проруските бунтовници. Западот и Украина ја обвинуваат Москва дека ги поддржува бунтовниците и ги снабдува со оружје, што Кремљ категорично го отфрла.
