Вучиќ: Посетата на Путин е голема чест за Србија
Од кабинетот на Вучиќ информираа дека српскиот претседател се сретнал со рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, кој му потврдил дека Путин ја прифатил поканата да ја посети Србија.
Посетата на Србија на есен ја потврдил и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, јави Бета.
