Добавить новость
ru24.net
World News
Сентябрь
2018

Пенс: силна поддршка на историскиот Договор со Грција

0
По состанокот во Вашингтон со македонскиот премиер Зоран Заев, потпретседателот на САД Мајк Пенс на „твитер“ напиша дека Вашингтон дава силна поддршка на, како што нагласува, историскиот Договор со Грција. „Спроведувањето на овој Договор ќе обезбеди поголема сигурност во регионот, наведува Пенс. Премиерот Заев, на својата фејсбук страница, пренесува дека Пенс ги поздравил одговорноста и одлучноста при постигнувањето на Договорот. „На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани“, напиша Заев. Прес-службата на македонската влада претходно соопшти дека Пенс на средбата со Заев пренесол пораки и од претседателот на САД Доналд Трамп за поддршката на Вашингтон за покажаната храброст и лидерство за спроведување на неопходните реформи во земјата и за постигнатиот Договор со Грција што го отворија патот за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса