Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува состанок за актуелната политичка состојба во земјата, затворската казна за поранешниот премиер Никола Груевски, како и за посетата на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Хелсинки, на конгресот на Европската народна партија.
Тони Михајловски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на партијата изјави дека листата за прогонот кон ВМРО-ДПМНЕ не завршува кај пратеникот Никола Груевски.