Времето денеска: сончево со слаб ветер
Во Скопје попладне времето ќе биде сончево, а ќе дува и слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде до 18 степени.
Утринава имаше магла во Скопско, Тетовско и Струмичко, во останатите делови од земајава имаше мала до умерена облачност и понекаде дуваше и слаб променлив ветер.