Добавить новость
ru24.net
World News
Ноябрь
2018

Воена вежба „Есенска бура“ на Криволак

0
Воена вежба изведуваат армиските и полициските специјални сили на воениот полигон „Криволак“, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, помогнати од единици на АРМ и МВР, соопшти АРМ. 


Вежбата „Есенска бура“  има цел за унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани.


Армијата соопшти дека денеска и утре ќе биде изведена заедничка обука на единицита на специјални задачи ЕЗС „Тигар“ и армиските „Волци“ каде ќе работат на уништување на терористичка ќелија во која ќе учествува екипа од хеликоптерската едница при МВР. 


Единиците од Здружената оперативна команда ќе работи воено аситирање заедно со припадниците од ренџерскиот батаљон а пропадници на ДЗС утре треба да подигнат бегалски камп.


На вежбата учествуваат околу 400 припадници од сите единици од кои 30 од ДЗС, двајца од ЦУК, 50 од МВР и 318 војници на АРМ.


Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.


Од АРМ информираат дека ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на војската и полицијата и институции од кризниот менаџмент.


Вежбата која започна на 8 ноември ќе трае до 13 ноември 2018 година, а приказ од изведените активности ќе биде организиран на денот за високи гости кој ќе се реализира на 22 ноември 2018 година. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Определился соперник Андрея Рублёва во втором круге турнира ATP-500 в Роттердаме






Shot: замок Галкина и Пугачевой стремительно разрушается

Ария италийского гостя // «Возвращение воина» в Пушкинском музее

Мы точно победим? Забытое пророчество Сергея Бодрова. Ответ на тревожный вопрос

Во что ни в коем случае нельзя вкладывать деньги, рассказал экономист