Жени присуствуваа на финалето на Азиската лига на шампиони во Техеран
Поголемиот дел од жените кои го гледаа фудбалскиот тим Персеполис од Техеран како игра против јапонскиот тим Антлерс на стадионот „Азади“ во Техеран, рекоа дека се роднини на играчи, членови на женски фудбалски тимови или вработени во фудбалсакта федерација.
Натпреварот заврши 0-0, но јапонскиот тим победи со 2-0 во продолженијата.
Сепак, на сликата на насловната страница на дневниот весник „Сазандеги“, беа покажани жените како навиваат на стадионот со наслов: „победата на жените во азиското финале.“
Мечот го следеше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој рече дека „лично е среќен“ да види жени навивачки на иранските фудбалски стадиони.
Забраните за жените да присуствуваат на фудбалскиоте стадиони во Иран се воведени пред 39 години, од Исламската револуција 1979 година, а ФИФА работи со Иран за укинување на забраната.