ЕК пак го отфрли италијанскиот буџет и најави постапка против Рим
„За Италија, Комисија повторно го процени непочитувањето на критериумот за намалување на долгот. Наоѓајќи се на 131,2 отсто од БДП во 2017, односно 37 илјади евра по глава на жител, јавниот долг во земјата е далеку над референтната вредност од 60 отсто од БДП предвидена во Повелбата“, најави потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис.
Тој додаде дека Рим не ги почитува препораките на Брисел за висината на долгот и затоа не е исклучено покренување процедура за прекумерен дефицит против Италија.
