Норвежанец уапсен за сексуална злоупотреба на над 300 малолетни момчиња
Според весникот, неименуваниот Норвежанец, кој наводно работел како фудбалски судија, неколку години на назад, преку неколку платформи на интернет, стапил во контакт со стотици момчиња, претежно на возраст од 13 до 16 години, и се претставувал како нивни врсник. Притоа, објави Гардијан, успевал да ги наговори момчињата преку видеоповик да се впуштат во сексуални активности што тој ги снимал, а потоа ги уценувал дека снимките ќе ги објави јавно на интернет доколку не му испраќаат нови видеа.
