Полициски службеник загина во железничка сообраќајна несреќа што се случи утринава на железничкиот премин во Маџари во Скопје. Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз што се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (Железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи, соопшти обвинителството. Во несреќата на лице место починал возачот на автомобилот, вработен во полициската станица Гази Баба,
Обвинител врши увид на местото на несреќата.