Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2018

ЕУ - Западниот Балкан и Источното партнерство да преземат мерки против нелегалната миграција

0
ЕУ побара од земјите од Западниот Балкан и од Источното партнерство, кои имаат безвизен режим со Шенген-зоната, да преземат дополнителни мерки за решавање на нелегалната миграција. ЕУ ја повика Грузија да направи повеќе за да ги спречи неоснованите барања за азил, а Украина да ја засили борбата против корупцијата.


Ова се наведува во годишниот извештај на Европската комисија, објавен вчера, за функционирањето на безвизниот режим со Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија, Грузија, Молдавија и Украина.


Европската комисија наведува дека сите осум земји продолжуваат да ги исполнуваат условите за визната либерализација, но содржи и критики, особено за земјите од Источното партнерство. Од Молдавија се бара да работи на спречување на перењето пари, од Украина борба против корупцијата, а од Молдавија и од Грузија да работат против неоснованите барања азил.


Исто така се наведува дека нелегалната миграција од Србија и од Босна и Херцеговина во ЕУ останува висока.


Со визната либерализација, не се потребни визи за патување во сите земји од ЕУ, освен во Велика Британија и во Ирска, како и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, кои не се членки на ЕУ.


Земјите од Западниот Балкан добија визна либерализација во 2009-2010, Молдавија во 2014, а Грузија и Украина во 2017 година.


Косово сè уште не доби визна либерализација и покрај позитивниот извештај од Европската комисија.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса