Јанева - Амнестиите влијаат на работата на Обвинителствата
„Амнестијата на Иванов беше сосема нешто друго од ова. Таа амнестија ов беше врз основа на непознати податоци, тој немаше податоци за работата и лицата кои ги амнестираше. Неговата беше тотално незаконска, беа помилувани и сведоци и странски државјани и лица кои воопшто не биле предмет на постапка на судовите и на обвинител. Тоа влијаеше така што два месеци не работеше специјалното обвинителството. На Основното јавно обвинителство и на судовите оваа амнестија сигурно ќе влијае, но не би сакал да коментирам нешто што не е во мој домен“, изјави обвинителката.
