Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2018

Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили во Радишани

0
Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) во скопската населба Радишани каде се регистрирани пет случаи на деца од предучилишна возраст заразени од ова заболување. Три од петте деца се сместени на Клиниката за инфективни болести, а останатите дечиња се на домашно лекување. Покрај овие пет случаи, Министерството за здравство регистрира уште еден случај на заболен возрасен маж со што вкупниот број на заболени во моментот е шест лица.


Сите заболени лица се невакцинирани, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Тој упати апел родителите да ги вакцинираат своите деца. Според него, опфатот со вакцинација е мал, особено во првите неколку години од животот. Најмал е опфатот со вакцинација кај децата од 1,2 и 3 години, а понатаму процентот на вакцинација расте.


Министерот вели дека ќе бидат принудени да направат законска промена, оти како што вели, очигледно е дека не се почитува потребата да се достави вакциналниот картон при упис во градинка и во училиште.


Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје вели дека долгогодишните негативни кампањи против вакцинирањето, а особено за МРП довело до опаѓање на опфатот на вакцинирани пациенти, а со тоа зголемен број на заболени и тоа во најчувствителната популација, децата во предучилишната возраст кога вообичаено родителите ја одложуваат вакцинацијата.


Од ресорното Министерство информираат дека во Скопје, опфатот на вакцинирани е 78 отсто за минатата година, а треба да биде над 95 проценти, додека во 2016 година, кога се родени децата кои сега се заразени со морбили, бил само 67 проценти.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Соболенко вышла в 1/16 финала турнира WTA-1000 в Индиан-Уэллсе






Собянин: москвичи могут стать соавторами спортивного будущего столицы

Музыка и спорт: ритмы создают атмосферу соревнований

Спартакиада в депо «Москва-Сортировочная»: эмоции, награды, командный дух.

Магазин местных товаров хотят открыть на площади Ленина (ПЕРЕКЛИЧКА)