Облачно и дождливо време
Променливо облачно време со врнежи од дожд во утринските часови најавуваат синоптичарите за денеска. Од пладне на одредени места ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерене ветер со променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Читать дальше...