Муареми ќе поднесе кривична против Русковска, претресот бил тенденциозен
Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, најави кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска за претресот во Управата пред две недели. Се пожали и на лоша соработка со нејзиното Обвинителстово. Русковска за РСЕ вели дека секој има право да поднесе кривична пријава против секого.