Декемвриската синдикална кошница зголемена за 840 денари од ноемвриската
Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62 861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога изнесуваше 62 021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, таа изнесува 78 236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 075 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5728 денари или 9,1 отсто, за станарина... Читать дальше...