Добавить новость
ru24.net
World News
Июнь
2019

Мицотакис во владината програма планира кампања за промоција на брендот Македонија

0
Намалување на даноците, намалување на невработеноста, 2000 евра надомест за секое новороденче, кампања за промоција на „брендот Македонија“, подобро јавно здравство и јавно образование, се дел од приоритетите во програмата на Нова демократија за следните четири години доколку партијата по изборите на 7 јули дојде на власт.


Лидерот на најголемата грчка опозициска партија и кандидат за иден премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис на настан во Атина ја презентираше четиригодишната програма, базирана на 16 големи столбови, односно 16 области кои веќе се објавени во брошура на 20 страници која, како што рече Мицотакис, масовно ќе се дели за да стигне до секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.


Последната област во четиригодишната владина програма на Нова демократија е позицијата на Грција во Европа и на меѓународно ниво, односно надворешната политика на земјата. Мицотакис рече дека неговата партија секогаш пред партискиот го става националниот интерес и уште еднаш ја повтори намерата за спроведување кампања за промоција на „брендот Македонија“.


“Во соработка со приватниот сектор планираме меѓународни кампањи за поддршка на брендот на нашата земја, но и кампања за реалната и вистинската наша Македонија со цел да се одново да се врати реалноста, да се промовираат брендот Македонија и македонските производи на меѓународната сцена”, рече Мицотакис.


Едночасовниот говор и презентирањето на програмата, лидерот на Нова демократија го заврши со повик до Грците на изборите на 7 јули да му дадат силен мандат за да може да ја имплементира програмата за подобра и посветла иднина на земјата.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса