Протести и блокади против цената на струјата
Луѓето кои протестираат бараат Регулаторната комисија веднаш да ја стави вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Тие бараат и Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН, трето - Собранието да ја укине Регулаторна комисија и, четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните од компаниите.
Регулаторната комисија донесе одлука струјата за домаќинствата да поскапи за 7,4 отсто.
