Шилегов најави трикомпонентна борба со загаденоста во Скопје
Тој посочи дека деновиве се врши сериозен мониторинг со цел опеделени индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост заради маглата, и да испуштаат недозволени гласови. Појасни дека мониторингот се врши секоја вечер со термални дронови.
Повисоки глоби и кривични санкции за загадување на животната средина
„Ние работиме во коренот на решавање проблемот. Неколку пати општам со јавноста главните компоненти се три. Едната е овој инспекциски надзор кој што верувам ќе се согласите сите, Инспекторатот на Град Скопје е една од најактивните институции од тој вид и карактер во државата“, рече Шилегов.
