Добавить новость
ru24.net
World News
Январь
2021

Грчката црква пркоси на владините мерки за Водици

0
Решеноста на грчките свештеници црквите да останат отворени за празникот Богојавление в среда, ја засилија конфронтацијата со владата.


Премиерот Киријакос Мицотакис денеска ја повика православната црква во земјата „да ги преземе своите одговорности“ со затворање на места за богослужба.


Неговиот апел следува по повеќекратните критики кон влијателната грчка црква поради неуспехот на свештенството да ги почитува здравствените ограничувања. Некои од нив беа видени како не носат маски и ги игнорираат правилата за социјално дистанцирање.


Владата досега повикуваше само на „индивидуална одговорност“ меѓу верниците.


Во понеделникот, советот на врховни бискупи на Светиот синод, во објавата наведе дека „нема да даде согласност за мерките наметнати од владата“ и оти планира да ги отвори црквите  за богослужба на 6 јануари, за Водици.


По состанокот со 82-годишниот црковен поглавар Архиепископот Иеронимос, канцеларијата на Мицотакис денеска соопшти дека тој инсистирал на „потребата сите строго да ги почитуваат здравствените мерки“ и ја повика црквата „да даде пример“.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Роттердам (ATP). 1-й круг. Хуркач борется с Коболли, Медведев сыграет с Вавринкой, Циципас – с Майо






Минпромторг ужесточит сертификацию для китайских авто в России

Щелковские тхэквондисты в очередной раз показали блестящие результаты

Первым делом самолеты. Чем открылся НАИС-2025

Рябков: Москва открыта для диалога с Вашингтоном в «режиме жесткого торга»