Добавить новость
ru24.net
World News
Январь
2021

Јужна Кореја ќе испрати делегација во Иран за запленетиот танкер

0
Јужна Кореја соопшти дека ќе испрати владина делегација во Иран „што е можно порано“ за да се обиде да го ослободи танкерот со нафта запленет од Иран.


Портпаролот на Министерството за надворешни работи го соопшти ова денеска, еден ден откако Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го зазеде танкерот "Ханкук Чеми" со знаме на Јужна Кореја и го приведе неговиот екипаж од 20 членови во близина на стратешкиот теснец Хормуз,  со образложение дека танкерот го загадува морето и со тоа ги  крши еколошките стандарди.  


Портпаролот исто така рече дека заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чои Јонг-кун, ќе продолжи со претходно планираното патување во Техеран на почетокот на следната недела, бидејќи иранските власти бараат ослободување на милијарди долари замрзнати во јужнокорејските банки поради американските санкции. Замрзнатите средства се од продажбата на нафта  кои се зарабени откако Вашингтон ги заостри санкциите кон Иран по повлекувањето од иранскиот нуклеарен договор.


Во Техеран, портпарол на иранската влада ги отфрли обвинувањата дека запленувањето на танкерот од Иран претставува заложништво. „Ако некој треба да се нарече заложник, тоа е јужнокорејската влада што ги зеде нашите над 7 милијарди долари од продажбата на нафтата“, рече Али Рабиеи пред новинарите.


Американскиот Стејт департмент го обвини Иран за закана врз „навигациските права и слободи“ во Персискиот залив со цел „да ја изнуди меѓународната заедница за да го намали притисокот“ од економските санкции.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Медведев победил Вавринку и вышел во второй круг турнира ATP в Роттердаме






Пассажиропоток МЖД в январе вырос на 2% до 57,1 млн человек

Суд в Баку изменил меру пресечения «золотой судье» из России Хахалевой

Политолог Разуваев: Трамп вряд ли решится на конфискацию активов РФ

Сергей Собянин. Неделя мэра