Добавить новость
ru24.net
World News
Январь
2021

Заев: 2021 ќе биде година на рестарт и капитални инвестиции

0
Ќе инвестираме во патната и железничка инфрастутура, гасовод, училишта и болници. Клучни ќе бидат капиталните инвестиции, за кои се проектирани 23 милијарди денари, во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството..., изјави денеска премиерот Зоран Заев, најавувајќи ги плановите за 2021 година, за која рече дека ќе биде година на рестарт и година на економско заздравување од Ковид-19.


„Годинава со Буџетот се предвидени за 20 отсто повисоки се средства за капитални проекти, односно над 23 милијарди денари. Самиот период на кризата би сакале да го искористиме како можност да добиеме квантен скок на економијата. Преку инвестиции во гасната инфраструктура ќе имаме гас и од Азербеџан, Катар, Америка, покрај рускиот гас. Се градат и ветерници, што ќе биде 100 проценти домашна инвестиција“, изјави Заев.



Економијата ќе закрепнува од ковидот со години


Премиерот, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за економија Фатмир Бесими, рече дека во 2020 година, и во услови на пандемија, владата и институциите работеле успешно, а македонската економија останала стабилна.


„И во време на пандемија обезбедивме ликвидност и опстанок на компаниите, задржувајќи ги вработените каде што е тоа можно. Македонската економија е стабилна, жива и динамична, не дозволивме потрошувачката да запре. На економски план, се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечната стратегија, рече Заев и најави дека овој месец ќе има дебата за следните економски пакет-мерки, а во февруари ќе се носат мерките за 2021 година.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Швёнтек: Я и Соболенко — то, чего WTA некоторое время не хватало. Болельщики в восторге






«Мир гитары» соберет музыкантов из 15 стран

В виртуальный «Подорожник» петербуржцев добавят льготные проездные

Профессор Головецкий: каждый год в РФ совершаются тысячи научных открытий

Почему в США заговорили о покушении на Владимира Путина