Нови 580 заболени, 9 починати од ковид
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77г), еден од Битола (73г), тројца од Струмица (71, 76 и 66г), еден од Кичево (86г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 84.709, бројката на оздравени пациенти е 64.104, на починати е 2.559, а бројот на активни случаи изнесува 18.046.